Волонтерскa позициja во Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ)
Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје има потреба од ангажман на волонтер за поддршка на проектите кои се во процес на спроведување. Огласот е отворен до 07.06.2017 година.
Времетраењето на ангажманот е предвидено до 3 месеци во зависност од динамиката на реализацијата на предвидените активности. Компензацијата се врши во согласност со Законот за волонтери.
Како услови за волонтирање ЕПИ го наведува следново:
● завршени додипломски студии (правни, политички, економски науки);
● солидно познавање на англискиот јазик; се претпочита познавањето на албанскиот јазик;
● солидно познавање на Microsoft Office (особено работа со Excel);
● способност за работа и функционирање во тим.
ЕПИ на своите волонтери им нуди стимулирачка средина за надградување на нивните знаења за европските прашања и спроведување на ЕУ-проекти преку нивно вклучување во сите активности на Институтот и менторство во текот на нивното волонтерство.
Аплицирајте преку испраќање на резиме и мотивациско писмо на следнaвa електронскa адресa: vaska.ristovska@epi.org.mk