/ Прочитано:

1.514

Ограбена експозитура на „Стопанска банка АД Битола“ во Лептокарија

Понеделник, 10 јуни 2013 – Тешка кражба се случила утринава во експозитура на „Стопанска банка АД Битола“ во трговскиот центар Лептокарија.

Според првичните информации маскиран и вооружен разбојник околу 8:45 часот влегол во банката и заканувајќи им се на двете вработени одзел околу 70.000 денари.

Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на разбојникот.