/ Прочитано:

798

Околу 200 затвореници од Велика Британија ќе бидат префрлени во Албанија

Понеделник, 18 ноември 2013 – Врз основа на Договорот потпишан во август годинава, околу 200 затвореници Албанци осудени за тешки кривични дела во Велика Британија, ќе бидат префрлени во Албанија, каде ќе го издружаат останатиот дел од казната, јави МИА.

Според најавите, следните денови значителен број Албанци кои се наоѓаат во британските затвори, во неколку групи ќе бидат префрлени во Албанија. Договорот е постигнат меѓу Албанија и Велика Британија по неколкумесечни разговори на претставниците на министерствата за правда.

Трансферот на затворениците ќе го рализираат Интерпол и албанската Главна управа на затворите.

Во британските затвори има неколку стотици Албанци.

По потпишувањето на Договорот со Албанија, првиот човек на британските затвори Криспин Блунт, тогаш  изјави оти се надева дека вакви договори Лондон ќе потпише и со други земји и дека британските затвори ќе се ослободат од илјадниците странски затвореници, кои затворските казни би ги доиздржат во нивните земји.