Ослободителната пресуда за хрватските генерали го разгневи српскиот државен врв
Петок, 16 септември 2012 – Не стивнуваат рекциите во Србија по повод ослободителната пресуда на Хашкиот трибунал за хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач. Во текот на денот се огласи и српскиот државен врв. Одлуката е на трибуналот е политичка, а не правна, оцени српскиот претседател Томислав Николиќ. За премиерот Ивица Дачиќ, со оваа одлука се потврдило дека Хашкиот трибунал не е суд. Готовина и Маркач првостепено беа осудени на 24 и 18 години затвор за воени злосторства извршени за време и по акцијата „Бура“ во 1995 година, но жалбениот совет на чело со судијата Теодор Мерон денеска ја поништи првостепената пресуда.
>> Српската јавност запрепастена од ослободителна пресуда за Готовина и Маркач: Црн ден за меѓународната правда >> ХАГ: Ослободителна пресуда за хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач
– „Денешната одлука на Хашкиот трибунал нема да допринесе за стабилизирање на ситуацијата во регионот, ќе се отворат старите рани, а Србите во Хрватска, малиот број што остана да живее таму, ќе ги стави во позиција на виновници над кои секој може да помине неказнето спроведувајќи ја својата правда“, вели српскиот претседател во соопштението до јавноста.
Потсетува дека за време на операцијата „Бура“ над 220.000 Срби биле протерани, а убиени биле илјадници невооружени мажи, жени и деца.
„Кој е за тоа крив? Со денешната одлука на Хашкиот трибунал може легитимно да се слави најголемиот прогон во светот по Втората светска војна. Држава која не им дозволува ниту на смејствата на роднините на исчезнатите Срби да утврдат кај се наоѓаат телата на нивните најмили“, наведува во продолжение Николиќ.
„Ако досега имаше причина да им веруваме на оние кои велеа дека Хашкиот тибунал е неутрален, правичен, со најновата одлука за ослободување на воени злосторници“, ова е демантирано, посочува српскиот претседател Николиќ.
Со реакција и премиерот на Србија, Ивица Дачиќ. Според него со оваа одлука се потврдило дека Хашкиот трибунал не е суд.
„Ова ги потврдува тврдењата на оние кои велат дека Хашкиот трибунал не е суд, туку дека ги исполнува однапред дадените полтички задачи“, изјавил Дачиќ за српските медиуми.