/ Прочитано:

868

Основен суд Гостивар: 30 дена притвор за осомничениот за двојно убиство

Вторник, 10 септември 2013 – Истражен судија од Основен суд Гостивар одреди 30 дневен притвор за гостиварецот осомничен за двојно убиство. Гостиварци се во по завчерашното двојно убиство кога нивниот сограѓанин Владимир Цветаноски (43) со секира ги убил својата мајка, пензионерката Димитрула (71) и сестра си Славица (46), која била неподвижна. 

Осомничениот во неделата околу 22 часот од засега непознати причини безмислоно со секира ги усмртил својата мајка и болната сестра. 
Тој беше уапсен кратко по извршеното убиство, по пријава од сосед кој ги чувал врисоците на двете жени моменти пред да бидат убиени. Соседите на семејството за медиумите изјавија дека веднаш откако ги убил своите најблиски, Владимир дошол кај нив за да бара пари за погреб. 
За ваквото злодело на гостиварецот му се заканува казна од 10 години до доживотен затвор. Според неофицијални информации, осоничениот пред истражен судија не одговарал на прашањата и постојано молчел.