/ Прочитано:

858

Осомничениот за киднапирањето на трите жени од Кливленд, изведен пред суд

Четврток, 9 мај 2013 – Ариел Кастро, сопственикот на куќата во Кливленд каде во вторникот беа пронајдени трите киднапирани жени по една деценија заробеништво, денеска беше изведен пред суд. На поранешниот возач на училишен автобус, кој моментно е невработен, одредена му е кауција од осум милиони долари.

Кастро, чијшто поглед за време на петминутното сослушување бил впeрен надолу, не изустил ниту збор, пренесуваат американските медиуми. 

Според наводите на обвинителството, тој жените ги чувал врзани и сексуално ги злоставувал.

Обвинетелството планира да го гони за за киднапирање и силување на Аманда Бери, Џина Деџизус, и Мишел Најт, а  ќе се соочи и со обвинение за киднапирање на шестгодишната ќерка на Бери, родена во текот на заробеништвото.  

Двајцата негови браќа, Педро и Онил кои исто така беа осомничени, се пуштени  откако било констатирано дека немаат никаква врска со овој случај.

Трите жени беа пронајдени во понеделникот, откако Аманда Бери ја исконтактирала полицијата. Тие исчезнале во периодот од 2002 до 2004 година.