/ Прочитано:

868

Осомничениот за убиството на британскиот војник во Лондон денеска ќе се појави пред суд

Четврток, 30 мај 2013 – Еден од двајцата осомничени за убиството на британскиот војник во Лондон, денеска се очекува да се појави пред судот. Осомничениот Мајкл Абедовале, се товари за убиство на војникот Ли Ригби, и за поседување оружје. Убиството се случи среде бел ден, минатата недела во Лондон, а при претрелка полицијата ги погоди осомничените. Вториот осомничен во моментов е во болница и е во стабилна здравствена состојба.

Британското обвинителство соопшти дека Мајкл Абедовале, кој е обвинет дека заедно со 28-годишниот Мајкл Абедолајо пред една недела го уби британскиот војник Ли Ригби во лондонскиот кварт Вулвич, денеска ќе се појави пред судот во Лондон. Според изјави на очевидци на убиството, осомничените напаѓачи прво со автомобил ја удриле жртвата, а потоа со сатар и ножеви се нафрлиле врз 25-годишниот војник. Делото во Велика Британија предизвика вџашеност и огорченост.

Според наводи на полицијата, главно осомничените се британски државјани со нигериско потекло. Тие израснале како христијани, а потоа конвертирале во ислам. На една аматерска видео снимка по убиството, еден од напаѓачите го оправдува делото со воените мисии во муслиманските земји. Двајцата осомничени по убиството беа погодени од страна на полицијата и однесени во различни болници. Вториот осомничен во моментов е во болница и е во стабилна здравствена состојба.

Истрагата смета дека делото има исламистичка позадина. Покрај двајцата главни осомничени, има уште две уапсени лица кои се обвинети за соучество.