/ Прочитано:

1.095

Осомничените за петкратното убиство пред истражен судија

Среда, 2 мај 2012 – Уапсените во полициската акција „Монструм“ на Министерството за внатрешни работи, рано утринава се пренесени во скопскиот Кривичен суд.  Се очекува да им биде изречена мерка притвор, пренесува МИА.

За сите за кои МВР има докази дека биле дел од масакрот на четирите момчиња и средовечниот маж, МВР ќе поднесе кривични пријави за сторено кривично дело „тероризам“.

Приведени се 18 лица од Скопје, следбеници на радикалниот ислам, најголем дел од нив се македонски државјани.

Врз основа на материјални докази, од МВР тврдат дека тоа се извршителите на грозоморното убиство на петте недложни граѓани. Меѓу 18-те уапсени, има лица кои се директно инволвирани во убиството кај Смиљковци, појасни Јанкулоска, но и лица за кои нема податоци дека биле на место на убиството.