/ Прочитано:

800

Откажан „спектакуларниот настап“ на Метју Нимиц во Европскиот парламент – веста била грчка конструкција

Четврток, 16 јануари 2014 – Посредникот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, нема да зборува пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент во февруари, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Од службата за печат на на Комисијата за надворешни работи велат дека Метју Нимиц не е поканет да зборува за преговорите кои се водат меѓу Скопје и Атина за името, како што тоа го најави грчкиот весник „Катимерини“.Од Комисијата за надворешни работи на ЕП истакнуваат дека има обичај да се канат надворешни гости да го кажат нивното мислење пред европратениците за некои прашања, но за состаноците во февруари на комисијата не е поканет посредникот на ОН во спорот со името меѓу Македонија и Грција.