/ Прочитано:

2.163

„Пајажина“: Завршен збор на бранителот Донче Наков за Велија Рамковски

Случај: „Пајажина“ Завршен збор: Донче Наков, бранител на Велија Рамковски


Велија и Емел Рамковски / Фото: akademik.mk

Обраќајќи се до  почитуваниот судски совет со почит за спроведениот главен претрес, но не и во целост законитото спроведување на постапката поради грубите кршење на правата на обвинетиот кои му припаѓаат со Закон и Устав, во текот на овој главен претрес, во името на обвинетиот, одбраната на обвинетиoт Велија Рамковски имајќи ги предвид сите изведени докази во корелација (и по анализа) со иницијалниот  обвининителен акт како и анализа  на истиот даден во завршен збор на ОЈО – таканаречениот „прецизиран обвинителен акт” му предлага на советот да донесе пресуда со која обвинетиот Велија Рамковски   ќе го ослободи од обвинение согласно член 368 ст.1,т.1 и т.3 од ЗКП бидејќи дел од делата за кои е обвинет не се кривични дела според законот, а сите дела за кои е обвинет не се докажа во текот на претресот дека обвинетиот ги сторил.

. . .

Обвинетиот Велија Рамковски како организатор

Ова со ништо непоткрепено тврдење и би рекол претензија на ОЈО наспроти изградениот углед низ годините на обвинетиот, примените награди и етаблираните компании со меѓусебна законска поврзаност, не му даваат за право посебно не кога на околност за потврда дека обвинетиот Велија Рамковски е некаков организатор и создавач на група, и се користат разговори од деловен карактер, потврди од Централен регистар во кои податоците кои се црпат самиот обвинет ги има давано и не ги криел никогаш, поврзаност на деловни субјекти со банкарски плаќања за да се инсинуира такво тврдење. Напротив небулозно е да се тврди дека деловни односи мегу фирми, со целосна документација која беше одземена и не се даде можност да се изведе како доказ при вршење на сите плаќања преку овластени банки преставува криминална организација.

Во текот на 2006 година групата била создадена во Скопје Р. Македонија

Пак со ниеден доказ потврдени тврдења. Се претендира најверојатно за да се даде алиби на некои наводни дејствија на извршување кои ОЈО ги врзува за тој период. Кај елаборација на одбраните на секој од обвинетите посебно во овој делпопрецизно ќе дадем одбрана и напад на тезите на ОЈО во корелација со изведените докази. Само како напомена на судот дека некои од обвинетите имаат континуиран престој во странство, па нејасно е кога и каде,и како станале припадници на групата,го прифатиле планот на групата и своите улоги во истата.

Кои се припадници на групата:

Посебно боде во очи фактот што во групата според ОЈО се и децата на обвинетиот, неговиот брат и блиски роднини.Во групата се и луѓе професионалци кои само ја обавувале својата работна задача за која биле ангажирани и платени, некои од нив се јавиле на конкурс за работа. Никаков криминал, а најмалку план на некаква група е опфатен во нивната умисла. И сите тие така полнолетни, возрасни, со фамилии и углед, станале припадници на криминална група.

На околноста за припадност на група со соодветен план кој е прифатен од страна на наводните припадници на групата не е изведен ниеден доказ. Ако работниот однос и реализација на работни задачи согласно закон, се смета за припадност на група тогаш немам коментар.

>> Завршниот збор целосно можете да го проследите тука.