/ Прочитано:

995

По Депардје, и Саркози бега од Франција за да го избегне данокот од 75% за богатите

Среда, 23 јануари 2013 годинаПоранешниот француски претседател Никола Саркози планира да се пресели во Лондон и таму да основа инвестициски фонд вреден повеќе од милијарда фунти за да може да ја избегне  рекордната даночна стапка од 75 %.

Деталите од планот за преселбата во Британија поточно во лондонската богата населба Саут Кенсигтон, биле пронајдени уште во јуни минатата година, во текот на полициската рација во неговиот стан во Париз. Од неговиот стан исто така се запленети документи откако Саркози го изгуби имунитетот, по поразот од социјалистичкиот ривал Франсоа Оланда на последните претседателски избори.

Француските медиуми веќе го објавија првиот нацрт план за неговиот инвестициски фонд кој планирал да го основа во Лондон. Нацрт планот бил пронајден во компјутерот на Саркози при претресот на неговиот стан од страна на француската полиција.

Во моментов поранешниот претседател е под истрага поради полициско сомнение за неговата наводна корумпираност за време на претседателскиот мандат. Саркози треба да сведочи во аферата „Бетанкур“, во која се товари дека ја финансирал својата изборна кампања во 2007 година, со илегални донации од сопственичката на „Лореал“, најбогатата жена во Франција Лилијан Бетанкур.

Освен аферата „Бетанкур“ за Саркози се водат уште неколку истраги. Во една од нив е поврзан со продажба на оружје во Пакистан, а во друга е осомничен дека користел државни пари за истражување на јавното мислење.

Медимите пишуваат дека преселбата на поранешниот претседател ќе наиде на остри критики од француската јавност. Доколку Саркози замине за Велика Британија ќе му се придружи на актерот Жерард Депардје и на најбогатиот свој сонародник Бернард Арно  во бегството од потенцијалното оданочување од 75 проценти.