/ Прочитано:

1.980

Под будното око на камерата, започна полагањето на правосудниот испит во електронска форма

Правосудниот испит од денеска започна да се полага во електронска форма. Испитот се спроведе во Центарот за полагање на правосудниот испит, а во испитаната сесија беа пријавени 107 кандидати поделени во 7 групи.

Центар за полагање на правосудниот испит

Пријавени 107 кандидати – полагање на теоретски дел по трудово право

Од Центарот за полагање на правосудниот испит за Академик изјавија дека полагањето започнало во најдобар ред, посочувајќи дека кандидатите ќе одговараат на прашања од областа на трудовото право.

На испитот се пријавени 107 кандидати и денеска го полагаат теоретскиот дел на испитот  од областа на работните односи“, изјавија од Комисијата надлежна за спроведување на испитот, додавајќи дека распоредот за полагање на испитот, како што образложува и Министерството за правда, започнува со денешното полагање на теоретскиот дел на испитот по трудово право, а завршува со студија на случај по кривично право што ќе се полага на 29.1.2015 година.

Министерство за правда: Стриминг за полагање испити

Правосудниот испит се снима

Од Центарот укажаа дека целиот процес на полагање на правосудниот испит  се снима и дека тоа ќе биде практика за сите наредни полагања и, како што нагласија, тие во иднина, како и денес, ќе бидат емитувани во живо на веб-страницата  на Министерството за правда.

Инаку, кандидатите полагаат во согласност со прашањата изработени од членовите на Комисиите надлежни за спроведување на испитот, како и од Академијата за судии и јавни обвинители во согласност со Програмата изработена во рамките на Министерството за правда.

Резултатите од испитот се соопштуваат веднаш

Од Центарот за полагање на правосудниот испит појаснуваат дека за техничкиот дел од спроведувањето на испитот задолжена е компанијата „АССЕЦО“, која е креатор на софтверските решенија.

„Ние сме надлежни за спроведувањето на техничкиот дел и немаме право да присуствуваме на полагањето бидејќи тоа е надлежност на претставниците на Министерството за правда, односно на Комисијата надлежна за спроведување на испитот“,изјавија за Академик претставниците од оваа компанија при крајот на полагањето, кои додадоа и дека според дотогашните резултати, како што рекоа, голем дел од кандидатите го положиле испитот.

„Тоа го знаеме бидејќи резултатите од испитот се соопштуваат веднаш и кандидатите на денот на полагањето си ги знаат резултатите“, објаснуваат од „АССЕЦО“.

„Испитот може да се положи со 70% одговорени од вкупно 50 прашања“

Како што потенцираат, една од предностите на полагањето на испитот по електронски пат е брзината во добивањето на резултатите.

„Во овој дел, се работи за испит кој е составен од 50 прашања, а се положува со одговорени 70% од прашањата. Според резултатите, поголемиот дел од кандидатите го положија испитот“, велат од „АССЕЦО“.

М.В /veljanoskim@akademik.mk