/ Прочитано:

829

Покренато обвинението против српскиот милијардер Мирослав Мишковиќ

Четврток, 9 мај 2013По повеќемесечната истрага, Обвинителство за организиран криминал на Србија денеска покренало обвинение против најпознатиот српски притвореник, тајкунот Мирослав Мишковиќ. Најбогатиот Србин, сопственик на компанијата „Делта“, се товари за злоупотреба на службената положба и прикривање данок во вредност од стотици милиони долари.

Обвинение било покренато и против неговиот син Марко и другите осуммина соработници кои се осомничени за малверзации во приватизацијата на Претпријатието за патишта (ПЗП) од Ниш. За ова дело обвинетите би можеле да бидат осудени на над 10 години затвор.

Обвинетите се товарат за финансиска проневера од 16,95 милијарди динари средства од претпријатието, а буџетот на Србија со 472 милиони динари. Тоа, според обвинението, било направено со незаконско подигање на вредноста на акциите на претпријатието, за потоа да ги продадат.

Се претпоставува дека Мишковиќ, кој се наоѓа во притвор од декември, незаконски присвоил најмалку 200 милиони долари при приватизација на различни градежни компании.

>> Операцијата Мишковиќ: Среда во Србија после која ништо повеќе нема да биде исто