/ Прочитано:

767

Полицијата истражува дали „Скопскиот фестивал“ бил наместен

Четврток, 13 ноември 2014 – Полицијата синоќа, по завршувањето на „Скопскиот фестивал“, на повеќе локации направила претрес при што одзела над 1000 телефонски картички под сомнение дека е направена измама со нивно учество во гласањето на фестивал.

Во врска со случајот во Минстерството за внатрешни работи повикани на разговор биле сопственици на продуцентски куќи, пејачи и други лица кај кои биле пронајдени при пејд картиците.

Веста за акцијата со направената измама ја потврдија и од МВР. Повеке детали најавија за подоцна.