/ Прочитано:

1.271

ПОНОВИТЕ ПРЕСУДИ НА СТРАЗБУР ПРЕВЕДЕНИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: Трет Билтен посветен на судската практика на ЕСЧП

Бирото за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права го објави третиот Билтен посветен на судската практика на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) кој се издава во соработка со Бирото за застапување на Македонија пред ЕСЧП и Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ).

akademik foto 1

Целта на Билтенот e унапредување на почитувањето на човековите права и нивната заштита во Република Македонија, како и приближување на стразбуршкото право и практиката на ЕСЧП кон судството во РМ и нивна примена од страна на националните судови.

Публикацијата ги содржи најновите клучни пресуди на Судот во Стразбур, преведени на македонски јазик, кои, како што образложуваат од Бирото, се особено релевантни за  македонските судии, адвокати и обвинители.

Хаас и Сабо (Haász and Szabó) против Унгарија – Ж. бр. 11327/14 и 11613/14 пресуда од 13 октомври 2015 година [Оддел II], М. Езел и други (M. Özel and Others) против Турција – Ж. бр. 14350/05, 15245/05 и 16051/05 пресуда од 17 ноември 2015 година [Оддел II], Бујид (Bouyid) против Белгија – Ж. бр. 23380/09 пресуда од 28 септември 2015 година [ГСС],  Ликова (Lykova) против Русија – Ж. бр. 68736/11 пресуда од 22 декември 2015 година [Оддел III], Џингили Холдинг А. Ш. и Џингилиоглу (Cıngıllı Holding A.Ş. and Cıngıllıoğlu) против Турција – Ж. бр. 31833/06 и 37538/06 пресуда од 21 јули 2015 година [Оддел II], Дворски (Dvorski) против Хрватска – Ж. бр. 25703/11 пресуда од 20 октомври 2015 година [ГСС], Турбилев (Turbylev) против Русија – Ж. бр. 4722/09 пресуда од 6 октомври 2015 година [Оддел I], Сакит Захидов (Sakit Zahidov) против Азербејџан – Ж. бр. 51164/07 пресуда од 12 ноември 2015 година [Оддел I], Михајлова (Mikhaylova) против Русија – Ж. бр. 46998/08 пресуда од 19 ноември 2015 година [Оддел I] и многу други.

Исто така, во третиот Билтен за судската практика на Европскиот суд за човекови права објавени се и пресудите против Република Македонија, за случаите:

Геровска-Попчевска против Република Македонија, Ж. бр. 48783/07, пресуда од 07.01.2016 година, Јакшовски и Трифоновски против Република Македонија, Ж. бр. 56381/09 и 58738/09, пресуда од 07.01.2016 година, Попоски и Дума против Република Македонија, Ж. бр. 69916/10 и 36531/11, пресуда од 07.01.2016 година, Нешкоска против Република Македонија, Ж. бр. 60333/13, пресуда од 21.01.2016 година, Ивановски против Република Македонија, Ж. бр. 29908/11, пресуда од 21.01.2016 година, Митрова и Савиќ против Република Македонија, Ж. бр. 42534/09, пресуда од 11.02.2016 година.

Третиот Билтен посветен на судската практика на Европскиот суд за човекови права

НАЈНОВИ ПРЕСУДИ НА СТРАЗБУР ПРЕВЕДЕНИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: Втор Билтен посветен на судската практика на ЕСЧП

ПРИБЛИЖУВАЊЕ НА КОНВЕНЦИСКОТО ПРАВО И ПРАКТИКА: Прв Билтен за судската практика на ЕСЧП

М.В