Поради големиот интерес за утрешната обука на Академик на тема „Првични искуства од примената на новиот ЗОУП“, која е веќе распродадена, Академик ќе организира уште една обука на истата тема и со истите предавачи. Датумот на втората обука е 4.10.2016 (вторник), а локацијата на одржување на обуката е повторно хотелот „Солун“ во Скопје. Почетокот на обуката е закажан за 10:00 часот.
Пријавете го своето учество на обуката во најкус можен рок за да си обезбедите место и да ги дознаете новините, спецификите и предизвиците што ги носи новиот Закон за општата управна постапка.
Законот за општата управна постапка започна да се применува на 31.7.2016 година и се очекува дека ќе предизвика доста измени во работењето на сите субјекти кои се должни да го применуваат. Поради тоа, на обуката на Академик ќе биде направен осврт на основните карактеристики и специфики на решенијата кои се содржани во новиот Закон, вклучувајќи ја и тематиката на застапувањето на странките, комуникацијата меѓу странките и органите, како и актите кои ги донесуваат органите во согласност со Законот. Предмет на разработка ќе бидат и управната соработка, изведувањето на доказите по службена должност, како и анализата на целиот тек на жалбената постапка, од иницирањето, па сѐ до нејзиното завршување, а сето тоа гледано од аспект на новиот Закон за општата управна постапка.
На крајот ќе бидат сумирани и ефектите што се очекуваат од донесувањето на Законот, а од страна на истакнатите предавачи, кои се со долгогодишно искуство, ќе бидат дадени насоки за соодветна примена на новиот Закон во практиката. Предавачи на оваа обука ќе бидат:
- Ирена Брзанова, претседател на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и
- Југослав Ѓорѓиевски, државен советник во Министерството за информатичко општество и администрација.
За сите детали во врска со обуката, можете да ни се обратите на е-пошта: practicum@akademik.com.mk, како и на телефонските броеви 02/3221-091 и 02/3232-821.