/ Прочитано:

1.042

Последно обраќање во Хаг на Анте Готовина и Младен Маркач

Понеделник, 14 мај 2012 – Под претседателство на судијата Тедор Мерон денеска во Хаг, во тек е жалбена расправа по првостепената пресуда донесена април минатата година, со која Анте Готовина беше осуден на 24 години затвор, а Младен Маркач на 18 години. Се товарат за воени злосторства и злосторства против човештвото, извршени врз Срби во Хрватска на крајот од војната што траеше од 1991 до 1995 година. 

Со почеток во 09:00 часот стартуваше жалбената расправа во процесот против Готовина и Маркач, кои со неправосилна пресуда беа осудени на 24, односно 18 години затвор, за злосторства извршени врз цивилно население во текот и по операцијата „Луња“. Пресудата се очекува да биде донесена на крајот на годинава, пренесуваат хрватските медиуми.

Жалбеното рочиште го отвори одбраната на генералот Готовина, а потоа свое обраќање ќе има и одбраната на  Маркач. Двете одбрани ќе имаат по час и половина за своето излагање, а толку ќе имаат и тужителите за одговор на жалбата. За реплика, на одбраната ќе и биде доделна уште половина час. Жалбениот совет исто така предвиде можност за 10 минутно обраќање и на генералите Готовина и Маркач.

Клучни се четири прашања

Жалбениот совет во налог издаден минатиот месец ги повика страните во усната расправа да се фокусираат на четири прашања:

  1. Дали првостепениот совет погрешил кога со пресудата го утврдил правилото од 200 метри од законските артилерски цели? (Со првостепената пресуда секој напад одалечен повеќе од 200 метри од легитимните воени цели се третира како напад врз цивилни подрачја.)
  2. Дали донесувањето на тие заклучоци погрешно се одразува на другите заклучоци во врска со артилериските цели утврдени со пресудата?
  3. Може ли заклучокот за незаконските артилериски напади да опстане ако паднат заклучоците поврзани со правилото за 200 метри?
  4. Треба ли заклучокот за постоење на здружен злосторнички потфат да опстане ако се утврди дека не постоеле незаконски артилерски напади?

Обраќање на адвокатот Gregory Kehoe (Анте Готовина)

Бранителот на Анте Готовина, американскиот адвокат Gregory Kehoe  ја отвори расправата. Според него немало такво нешто како прекумерно гранатирање , а доказ за тоа бил фактот што немало српски цивили кои настрадале од гранатирањето, но и извештајот на ОН во кој стоело дека нападите не се противправни.

Тој праша зошто правилото на 200 метри е од клучно значење за обвинителството. Kehoe смета дека судскиот совет погрешил кога го вовел правилото 200 метри за неселективно бомбардирање. Забелешки имаше на тоа што одбраната не била известена дека ќе се користи ова правило во постапката. Според него воведувањето на правилото било само пополнување на дупките на обвинителството.

Завршни зборови на генералите

Анте Готовина

– „Како офицер, горд сум на начинот на кој беше водена „Олуја“, горд сум на таа операција, не само поради тоа што победивме, туку и поради фактот што цивилните жртви, нивните имоти беа сведени на минимум.

Како човечко битие, жал ми е за цивилните жртви. До денешен ден, јас сум уверен дека сите надлежности како генерал ги завршив на најдобар можен начин. Од оваа гледна точка работите можеби можеа да бидат и поинакви, но како генерал го немав тој луксуз на ретроспектива.

Не тврдам дека сум совршен, и се надевам дека нема да бидам осуден поради тоа.

Иако направив грешки, а една од тие е што не се предадов на Трибуналот, можете да бидете сигурни дека најмногу жалам поради тоа.

Моите војници работеа најдобро што можат во многу тешки околности“.

Младен Маркач

– „Верувам во праведноста на вој суд, пред 9 години се појавив пред Трибуналот, но се изненадив од обвиненијата за кои ме теретат, истите според мене во голема мера ги изменија фактите. Јас ниту планирав, нуту наредив или пак се обидов да скирјам некаков злочин бидејки тоа се коси со моите животни принципи. Длабоко сочуство до сите оние кои претрпеа загуби за време на војната. Почитуван суде, не сум крив  и очекувам од вас дека темелно ќе ги разгледате списите кои ви се преточени. Ви се заблагодарувам што ми дадовте прилика да се обратам.“


15 април 2011 – Првостепена пресуда