/ Прочитано:

920

Повторно заканувачко писмо до Обама

Петок, 31 мај 2013 – Писмо што содржело рицин повторно било испратено до Белата куќа.

Писмото наликувало на двете писма со остатоци од рицин, испратени до градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг, во кои се изразувало незадоволство од заострувањето на контролата на огненото оружје.

Писмото, адресирано до претседателот Барак Обама, било испратено од Спокејн, државата Вашингтон. Во врска со писмото, во Спокејн бил уапсен маж.

Американската тајна служба вчера соопшти дека писмото до Обама било откриено на 22 мај.
Обама и пред речиси еден месец се соочи со ваква закана, а отровно писмо тогаш беше испрратено и до американскиот сенатор Роџер Викер.