/ Прочитано:

640

Пратениците сложни како никогаш досега: Собранието едногласно се самораспушти

Среда, 5 март 2014 – Со 117 гласа „за“ и ниту еден против или воздржан, едногласно на денешната собраниска седница, сега веќе поранешните одлучија Собранието да се самораспушти.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, по гласањето изјави дека пратениците за никое гласање досега не биле вака сложни. На последната денешна седница, координаторите на пратеничките групи имаа можност да ги кажат партиските ставови за актуелните претседателски избори и за предвремените избори кои ќе се одржат веднаш по првиот круг од изборот за шеф на државата.