/ Прочитано:

1.266

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права (СОБРАНИЕТО ГО ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ)

Понеделник, 8 октомври 2013 – На собраниската Комисија за култура на дневен ред е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права во второ читање. 

„Целта на предложениот закон е пропишување на нормативна основа за воспоставување на ефикасен модел за функционирање на системот на колективното управување со авторското право и сродните права“, стои во Предлогот на Министерството за култура. 

Во постоечкиот Закон во глава 5 е опишано колективното управување со авторско право и средните права. Предлагачите велат дека во пракса, токму ова управување покажало одредени слабости. 

„Во пракса, системот на колективното управување со авторското право и сродните права покажа одредени слабости, пред се, во постапката за донесување на Правилникот за утврдување на висината на надоместоците – Тарифата; во јавноста и отчетноста во работата на организациите за колективно управување со авторското право и сродните права; во дефинирањето на надлежностите по основ на надзор кој го врши Министерството за култура над работата на организациите за колективно управување со авторското право и сродните права, транспарентноста и отчетноста во работата на организациите, како и односите меѓу организациите за колективно управување со авторското право и сродните права и нивните членови, носители на  правата. Непрецизноста на одредени поими кои се релевантни за колективното управување со авторското право и сродните права, како поимот “фонограм“ и поимот “корисник“ на авторските дела и предмети на сродните права, предизвикаа различни мислења (толкувања) во стручната јавност и несоодветна примена на Законот“, стои во Предлогот.