/ Прочитано:

1.219

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за стечај (СОБРАНИЕТО ГО ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ)

Среда, 30 октомври 2013 – Целта на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за стечај, кој денеска е на прво читање на собраниска седница, е определување соодветни одредби за електронско полагање на стручен испит за овластен стечаен управник. 

Стручен  испит за стекнување со уверение за положен испит за овластен стечаен управник  се  полага  по завршена почетна обука. Предлог-законот предвидува стручен испит да може да полага лице кои ги исполнува следните услови:

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • да има живеалиште во Република Македонија,
  • да има високо образование од соодветната област (диплома за завршено четиригодишно високо образование или диплома со 300 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС),
  • со правосилна одлука да не му е изречна забрана за вршење професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната и
  • да има најмалку три години работно искуство по дипломирањето во областа на правото, економијата или бизнис администрацијата или друго високо образование согласно одредбите од овој член и пет години работно искуство по дипломирањето во областа на трговскоите дејности.
  • Потврда за редовно посетување на почетна обука издадена од Комората на стечајни управници.

Испитот, како што се наведува во измените и дополнувањата, се состои од два дела и тоа:

  • прв дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатите и
  • втор дел (практичен пример), со кој се проверува практичната способност на кандидатите за изготвување на план за реорганизација на трговско друштво во стечај.

Првиот дел од испитот се полага писмено по електронски пат, со одговарање на определен број прашања во вид на решавање на електронски тест на компјутер.

Вториот дел на испитот се состои од: практичен пример, и  прашања кои треба кандидатот да ги одговори врз основа на анализата на практичниот пример. Програмата за полагање на испитот од соодветната област ја донесува министерот за економија.

Базите на прашања за првиот и базите на практични примери за вториот дел на испитот ги изготвува Комисија за полагање на испитот формирана од министерот за економија.

Глоба во износ од 4000 до 5000 евра во денарска противвредност е предвидена за овластеното правно лице кое технички го спроведува испитот доколку не го снима, не го емитува во живо на веб страницата на Министерството за економија и доколку не  ја постави снимката од целиот испит на веб страницата на Министерството за економија.