/ Прочитано:

3.798

Предлог-закон за прекршоците (затворен)

Среда, 2 октомври 2013 – Предлог-законот за прекршоците  e на прво читање на 72-та сораниска седница. Една од главните причини за носење на нов Закон за прекршоци произлегува од новиот Закон за кривична постапка чија што примена треба да стартува од први декември годинава.

Објаснување на содржината на одредбите на Предлог-законот 

Со овој закон се определуваат општите услови за пропишување на прекршоците и прекршочните санкции, општите услови за утврдување на прекршочната одговорност, за изрекувањето и извршувањето на прекршочните санкции и се пропишува прекршочната постапка што ја водат судовите, односно прекршочните органи, забрзаните прекршочни постапки и основањето  на Државната комисија за жалби по прекршоци.

Предлог законот содржи  158 члена групирани и систематизирани во 33 глави.  Главна поделба  на законот  се  состои во поделбата  на  материјално-правни  одредби  (дел први), одредби  кои  ги регулираат забрзаните постапки, односно постпките за порамнување и спогодување (дел втори) – прекршочна  постапка  пред  прекршочен   орган и пред суд  –  (дел  трети),  Посебни постапки – (дел четврти) и Преодни и завршни одредби – (дел петти).

  • Во  глава 1 –  ОПШТИ ОДРЕДБИ – предвидено е начелото на законитост во определувањето  на прекршоците и видови на прекршочни санкции, како и субјектите на кои може да им бидат изречени прекршочни санкции. Прекршочните санкции можат да им бидат изречени на физички лица (полнолетни и малолетни сторители) и на правни лица. Покрај прекршочните санкции со овој закон се предвидуваат и посебни прекршочни мерки.
  • Во  глава 2 – ПРЕКРШОК И ПРЕКРШОЧНА ОДГОВОРНОСТ – дадени се дефиниции  за поимот прекршок, одговорност на физичко и правно лице, одговорност на странско правно лице, одговорност за прекршок за друг, одговорност на службено лице во државен орган и во орган на единица на локална самоуправа, обидот, помагач и поттикнувач.
  • Во глава 3 – ПРЕКРШОЧНИ САНКЦИИ НА ПОЛНОЛЕТНИ СТОРИТЕЛИ –  определени се видовите на прекршочните санкции  и тоа: 1) глоба; 2) опомена; 3) престанок на важење на возачка дозвола; 4) забрана на управување со моторно возило; 5) забрана на вршење професија, дејност или должност; 6) протерување на странец од земјата,  7) задолжително  лекување  на  алкохоличари  и  наркомани (лица  со  болести  од зависности) и 8 ) задолжително психијатриско лекување на слобода, како и условите за нивно изрекување. Во постојниот Закон за прекршоците задолжителното психијатриско лекување на слобода не беше пропишано, а со примената на законот се покажа како целисходно  дополнување на видовоте санкции и со ваков вид санкција.

Како новина која се предлага во условите за изрекување на прекршочните санкции е можноста за изрекување на забраната за вршење професија, дејност или должност како самостојна санкција, за разлика од постојното решение каде оваа санкција може да биде изречена како дополнителна со санкцијата глоба. Исто така, со овој предлог закон се предлага овој вид санкција да може да биде заменета со паричен надоместок, во случаи ако тоа е предвидено со материјален закон.

Исто така, се предвидува можноста за изрекување на глобата во процентуален износ и тоа од 1% до 10% од вкупниот приход во претходната финансиска година.

Глобата за физичко лице е утврдена во распон од 15 до 2.000 евра во денарска противвредност, а за одговорно лице во правно лице во распон од 50 до 3.000 евра во денарска противвредност. Глобата на самото место  (со издаден мандатен платен налог) не може да биде повисока од 500 евра во денарска противвредност, а  за одговорно лице во правно лице, службено лице или трговец поединец не може да биде поголем од 1.500 евра во денарска противвредност.

Определен е рокот за доброволно  плаќање на глобата  кој изнесува 30 дена од денот на правосилноста односно конечноста на одлуката. Исто така, детално се разработени сите видови санкции – поединечно, условите под кои се изрекуваат нивното времетраење присилното извршување, општите правила за одмерување на санкциите, стекот, продолжениот прекршок, ослободувањето од санкција, како и ублажувањето на глобата.

  • Во глава 4 – ПРЕКРШОЧНИ САНКЦИИ НА МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА – е определено дека спрема малолетник кој во времето на извршувањето на прекршокот не наполнил 14 години (дете) не може да се применат прекршочни санкции, додека на малолетник кој во времето на извршувањето на прекршокот наполнил 14, а не наполнил 16 години (помлад малолетник) може да му се изречат само воспитни мерки, а на малолетник кој во времето на извршувањето на прекршокот наполнил 16, а не наполнил 18 години (постар малолетник), може да му се изрече воспитна мерка, а по исклучок глоба.
  • Во  глава 5 – ВОСПИТНИ МЕРКИ – На малолетни сторители на прекршоци може да им се изречат  воспитни мерки : 1) дисциплински мерки укор или упатување во дисциплински центар за малолетници и  2) мерки на засилен надзор од страна на родителите, посвоителот или старателот, во друго семејство или од страна на социјален орган. Се утврдуваат условите кога се иврши зрекување воспитни мерки на полнолетни сторители на прекршок кои ги извршиле како малолетници, како и изрекување на санкција за прекршок во стек.

Причината поради која овој закон содржи одредби за малолетници, како што се наведува во материјалот, е што во Законот за малолетничка правда не е доволно разработена оваа проблематика, а и самиот Закон за малолетничка правда содржи одредба која упатува на Законот за прекршоците.

  • Во глава 6 – ПРЕКРШОЧНИ САНКЦИИ НА ПРАВНО ЛИЦЕ –  е определено дека за прекршоци на правни лица може да се изречат  глоба и  привремена забрана за вршење одделна дејност.

Глобата се изрекува во износ кој не може да биде помал од 200 евра во денарска противвредност, ниту поголем од 10.000 евра во денарска противвредност. Со законот со кој се пропишува прекршокот за изрекување глоба на самото место (со мандатен платен налог) може да се пропише износ кој не може да биде поголем од  3.000 евра во денарска противвредност.

За одредени прекршоци определени со закон глобата може да биде изразена и во процентуален износ од 1 – 10% од вкупните приходи на правното лице остварени во претходната година. Ваквото решение е поволно за сторителите од причина што досегашната пракса покажа дека иста висина на глоба беше изрекувана на правни лица кои остваруваа огромни приходи во текот на една фискална година и на оние со минимални приходи. На овој начин ќе се постигне  сразмерност во санкционирањето.

Определен е рокот на траењето на привремена забрана за вршење одделна дејност и тоа ако  ја  изрекол  судот истата изнесува од три месеци до 3 години а ако ја изрекол прекршочниот орган  истата изнесува од три   дена до 30 дена. Дадени се одредби за одмерување на санкцијата и начинот за извршување на глобата.

  • Во  глава  7  –  ПОСЕБНИ ПРЕКРШОЧНИ МЕРКИ –  дефиниран  е  начинот на конфискација на имот и имотна  корист  и одземање на предмети како и општокорисна работа.

Со овој закон општокорисната работа, која до сега не беше предвидена во Законот за прекршоците е дефинирана како посебна прекршочна мерка која се применува кога сторителот на прекршок на кого му е издаден мандатен платен налог не е во можност да ја плати глобата, да изврши определени задачи – општокорисна работа и тоа во рок од 30 дена.

Со воведувањето на општокорисната работа се дозволува можноста во материјалните закони да се предвиди можноста за замена на глобата со вршење на определени задачи. На овој начин социјалните случаи и лицата со ниски  приходи се ослободуваат од плаќање на глоба, а сепак се остварува генералната и специјалната превенција што е и целта на законот.

  • Во  глава 8 – ЗАСТАРЕНОСТ – дадени се роковите за застареност на поведување  и водење на прекршочната постапка како и роковите за застареност на извршување на прекршочните санкции. Рокот на застареност  на поведување и водење на прекршочната постапка  изнесува 3 години, а  рокот  за застареност на извршување на прекршочните санкции изнесува  2 години. Застареност на прекршочното гонење настанува во секој случај кога ќе измине двапати онолку време колку што според закон се бара за застареност на прекршочното  гонење односно извршување.
  • Во  глава 9 – ЗНАЧЕЊЕ  НА  ИЗРАЗИТЕ  НА  ОВОЈ  ЗАКОН –  дадени се дефиниции на поимите : физко и правно лице, одговрно лице,  службено лице, воено лице, глоба и оштетен.
  • Во глава 10 – ЕВИДЕНЦИЈА  НА  ПРЕКРШОЧНИ  САНКЦИИ  –  е определено дека   евиденција на прекршочни санкции се води само за изречени санкции што се состојат во забрани, и тоа: забрана на управување со моторно возило и забрана на вршење професија, дејност или должност, протерување странец од земјата и привремена забрана за вршење одделна дејност, престанок на важење на возачката дозвола и истата ја води првостепениот суд според местото на раѓање на сторителот на прекршокот.

Во ДЕЛ ВТОРИ – ЗАБРЗАНИ ПОСТАПКИ 

  • Во  глава  11 –  ПОСТАПКА  НА  ПОРАМНУВАЊЕ  И  СПОГОДУВАЊЕ  – определена е целта на забрзаните постапки и видовите забрзани постапки. Целта на  забрзаните постапки е постигнување на согласност на  сторителите  на  прекршоци  и  надлежните  органи  за  отстранување  на  штетните последици на сторениот прекршок и спречување на повторно вршење на прекршоци и поради тоа избегнување на водење прекршочна постапка пред надлежниот суд, односно прекршочен орган.

Законот предвидува два  вида на забрзани  постапки со порамнување  и тоа: мандатна постака со издавање на мандатен платен налог и постапка за издавање на прекршочен платен налог, како и два вида на забрзани  постапки за спогодување: постапка за спогодување со физички и правни лица и  постапка за спогодување со малолетни сторители.

Во ДЕЛ  ТРЕТИ – ПРЕКРШОЧНА  ПОСТАПКА се пропишани основните одредби за водење на постапките и прекршочната постапка пред прекршочен органи и прекршочна постапка пред суд.

  • Во глава 12 – ОСНОВНИ  ОДРЕДБИ –  определено е дека прекршочна постапка  може да води и прекршочна санкција може да изрече само надлежен суд,  а  за одделни прекршоци определени со закон   (lex specialis) прекршочна постапка може да води и прекршочна санкција може да изрече орган на државната управа или организација и друг орган што врши јавни овластувања на надзор над спроведување на законите со кои се пропишани прекршоците.  Определен е начинот  на  решавање  на  судир на надлежноста помеѓу судовите и прекршочните органи, кој ужива имунитет,  начинот на одлучување  и  што  преставуваат трошоци  на  постапката.
  • Во  глава 13 – ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА  ПРЕД  ПРЕКРШОЧЕН  ОРГАН  –  е определено  дека  постапката пред  прекршочен  орган  ја  води  комисија  за  одлучување  по  прекршок  утврдена  со  закон  или  друг  пропис. Определено  е  кој е овластен  подносител  на  барањето за  поведување  на  прекршочна  постапка, причините  за  отстапување од начелото  на итност на постапката,  услови за водење на скратена постапка, начинот и текот на постапката,  видови на одлуки за прекршок  како и  утврдување  на  надлежен орган кој ќе   постапува  по  изјавена жалба на одлука    на прекршочните органи.

Предвидени се рокови за постапување на прекршочните комисии и тоа во зависност од висината на запретената глоба. Имено доколку за  сторен прекршок е пропишана глоба до 15.000 евра во денарска противвредност комисијата треба да одлучи во рок од 2 месеци од денот на поднесување на барањето за поведување на прекршочна постапка, а доколку е пропишана глоба над 15.000 евра во денарска противвредност во тој случај комисиите треба да одлучат во рок од 3 месеци.

Се  предлага  основање на Државна комисија за жалби по прекршоци  чија  надлежност, организација,  состав, финансирање,  начинот на работење и одлучување  ќе се  уреди  со посебен  закон.

  • Во  глава 14 – СУДСКА  ЗАШТИТА  –  се гарантира правото на судска  заштита  против  одлуката по жалба  донесена  од  страна на  Државната комисија  за  жалби  по  прекршоци преку со поднесување на тужба до судот надлежен за одлучување по управен  спор согласно  Законот  за  управните  спорови.

Тужбата не го одлага извршувањетот на одлуката која е конечна и извршна.

Исто така, во оваа глава се пропишани условите под кои може да се бара побивање на решението донесено од страна  на Државната комисија.

  • Во  глава 15 – СУДСКА ПОСТАПКА ОПШТИ  ОДРЕДБИ  –  е дефинирано  дека  прекршочната постапка во прв степен ја води судија поединец во основниот суд, а постапката по правни лекови пред второстепениот суд совет од тројца судии.
  • Во  глава 16 – ОБВИНЕТ  И  ПРАВО  НА  ОДБРАНА  –  Дефинирано е кој може да биде обвинет и се регулира  застапувањето на физичко  лице, домашно и странско правно лице како и условите за ограничување на застапувањето.
  • Во  глава  17 – ОШТЕТЕНИОТ, ЖРТВАТА  И  НИВНОТО  ЗАСТАПУВАЊЕ  –   се определуваат  поимите  оштетен  и жртва и начинот на нивното застапување.

Во овој Предлог закон за прв пат како странка во постапката покрај оштетениот може да се појави и жртвата. Согасно одредбите од Законот за кривична постапка жртва е секое лице кое претрпело штета, вклучувајќи физичка или ментална повреда, емотивно страдање, материјална загуба или друга повреда или загрозување на неговите права и интереси како последица на сторен прекршок.

Жртвата има право да учествува во постапката како оштетен, заради надомест на штета, а доколку жртвата е малолетник или спаѓа во групата на ранливи категории лица има право на посебни мерки на заштита  при давање на исказ и испитување.

  • Во  глава 18 – БРАНИТЕЛ Се уредува начинот и постапката за отповикување и откажување на полномошно на бранителот.
  • Во  глава 19 – ДОСТАВУВАЊЕ  НА  ПИСМЕНА  – се регулира начинот и постапката за доставување на писмената и истите се доставуваат по пошта, по електронски пат, преку службено лице на државниот орган кој го упатува писменото или непосредно кај тој орган, или преку правно лице со посебни овластувања утврдени со закон.

Во контекст на најновите трендови за воведување на информатичка технологија во судството се и одредбите кои се однесуваат  на електронската достава која веќе е воведена со Законот за парничната постапка и Законот за кривичната постапка. Со почетокот на функционирањето на електронската достава во прекршочната постапка значително ќе се забрза постапката, а истовремено ќе се намалат трошоците за печатење на списите по предметите, се наведува во материјалот на Предлог-законот.

  • Во  глава  20  –  БАРАЊЕ  ЗА  ПРЕКРШОЧНА  ПОСТАПКА  –  дефинирани се лицата кои можат да бидат подносители на барањето за поведување на прекршочната постапка, содржината  на  барањето, дополнување на барањето,  отфрлање на барањето, спојување и раздвојување на постапката.
  • Во  глава  21 –  МЕРКИ  ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ  ПРИСУСТВО  НА  ОБВИНЕТИОТ  И  ЗА  ВОДЕЊЕ  НА  ПРЕКРШОЧНАТА  ПОСТАПКА  –  видови мерки што можат да се преземат спрема обвинетиот заради обезбедување присуство и за водење на прекршочната постапка се: повикување, приведување, задржување, гаранција и привремено одземање на патна исправа на странец и задржување  странец во прифатен центар.
  • Во  глава  22  –  ДОКАЖУВАЊЕ –  И во одредбите на оваа глава е направено усогласување со Законт за кривичната постапкаи тоа во случаи кога  обвинетиот  ќе го  признае  сторувањето  на  прекршокот  и  признанието  е  јасно  и целосно, на судот  односно на прекршочниот орган не му е потребно да собира и други докази.

Од друга страна  ако  сведокот  има живеалиште или  престојувалиште надвор од седиштето на судот сослушување на сведокот ќе се изврши по замолен пат до судот според местото на живеење или престој на сведокот, со цел да се избегнат трошоци на постапката.

  • Во  глава  23  –  ПРЕКИН  НА  ПОСТАПКАТА  ПРЕД  СУДОТ  И  ОДБИВАЊЕ  НА  БАРАЊЕТО  ЗА  ПРЕКРШОК

Се утврдува  во  кои  случаи  може  да настане  прекин  и  запирање  на  постапката. Прекин настанува ако не може да се утврди живеалиштето, односно престојувалиштето на обвинетиот, и  од кои било други  причини не е достапен на државните органи или се наоѓа во странство на неодредено време, ако кај обвинетиот настапила привремена душевна болест или привремено душевно растројство; ако за истото дело е покрената кривична постапка до завршувањето на кривичната постапка.  Запирање на постапката настанува  ако обвинетиот умре, ако правното лице престанало да постои, ако глобата е платена и ако платниот налог е извршен. Постапката ќе продолжи по поднесено барање за изрекување на прекршочните санкции  кои се  однесуваат на забрана на вршење  професија, дејност или должност, престанок на важење на возачка дозвола и забрана на управување со моторно возило, протерување на странец од земјата задолжително  лекување  на  алкохоличари  и  наркомани (лица  со  болести  од зависности) и задолжително психијатриско лекување на слобода, како самостојни прекршочни санкции за сторен прекршок.

  • Во  глава  24  –  ПРИВРЕМЕНО  ОДЗЕМАЊЕ  НА  ПРЕДМЕТИ, ПРИВРЕМЕНИ  МЕРКИ  И  ПРИВРЕМЕНА  ЗАБРАНА  –  се определено  начинот  и  постапката на  привремено  одземање  на  предмети, привремено враќање на  предмети како и  привремена  забрана за вршење  на  дејност,   од страна на судот и прекршочните  органи.
  • Во  глава  25 – ТЕК  НА  ПОСТАПКАТА  –  се  утврдува  кога се води скратена постапка,  рок  кога  мора  да  заврши постапката  пред првостепениот  суд  (рок  од  3  месеци), начинот и текот на водење на  устен  претрес.
  • Во  глава 26 – ДОНЕСУВАЊЕ И  СООПШТУВАЊЕ  НА  ОДЛУКИ –  се  определуват видовите  на  судските  одлуки  и  нивната  содржина.
  • Во  глава  27 –  ТРОШОЦИ  НА  ПОСТАПКАТА  –  се дефинира што претставува трошок,  кој  ги  надоместува  трошоците и  начинот  на  нивното  плаќање.
  • Во  глава  28  –  ПРАВНИ  ЛЕКОВИ  –  Против пресудата и решението  на првостепениот суд може да се изјави жалба до второстепениот суд, Во прекршочна постапка завршена со пресуда можат да се користат вонредни правни лекови и тоа: барање за повторување на прекршочна постапка и барање на заштита на законитоста. Рок во кој второстепениот  орган  мора  да  одлучи  изнесува  60  дена од денот  на  приемот  на  жалбата. Кога второстепениот суд постапува по изјавена жалба против одлука која еднаш била укината и вратена на повторно решавање, сам ќе го реши предметот.
  • Во  глава  29 –  ПОСЕБНА  ПОСТАПКА СПРЕМА МАЛОЛЕТНИЦИ  –  се однесува  на  прекршочна постапка спрема  малолетници  која  ја  води  судот  на чие подрачје малолетникот има живеалиште или престојувалиште.

ДЕЛ ЧЕТВРТИ

  • Во глава 30 – ПОСТАПКА ЗА КОНФИСКАЦИЈА НА ИМОТ, ИМОТНА  КОРИСТ И ОДЗЕМАЊЕ  НА  ПРЕДМЕТИ  и  глава 31  –  НАДОЕМСТОК НА ШТЕТА И ДРУГИ  ПРАВА  НА  ЛИЦАТА  НА  КОИ  ИМ БИЛЕ  ИЗРЕЧЕНИ  САНКЦИИ –   е  определено  дека  за  овие  постапки  се  применуваат од  Закон за кривичната  постапка.
  •  Во  глава  32 –  ИЗВРШУВАЊЕ  И  ЕВИДЕНЦИЈА  НА  ОДЛУКИ  – за извршувањето на санкциите, освен глобата, изречени во прекршочна постапка согласно се применуваат  одредбите од Законот за извршување на санкциите, а за  присилно извршување на одлуките, мандатната глоба и платниот налог важат одредбите од Законот за даночната постапка.

ДЕЛ ПЕТТИ

  • Во  глава  33 – ПРЕОДНИ  И  ЗАВРШНИ  ОДРЕДБИ  – Постапките отпочнати пред судовите и прекршочните органи до денот на отпочнувањето на примената на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во  областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка ќе  завршат според одредбите на Законот за прекршоците („Службен весник на Република Македонија” бр.62/06 и 51/11), во рок од шест месеци од денот на отпочнувањето на примената на овој  закон.

Санкциите изречени со правосилни одлуки до денот на отпочнувањето на примената на овој закон ќе  се извршат според одредбите на Законот за прекршоците („Службен весник на Република Македонија” бр.62/06 и 51/11).

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”, а ќе отпочне да се применува со денот на отпочнување на примената на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во  областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.

/ Прочитано:

0

Предлог-закон за прекршоците (затворен)

Петок, 20 септември 2013 – Денеска во Собранието на РМ ќе се одржи јавна расправа за Предлог-законот за прекршоците. Една од главните причини за носење на нов Закон за прекршоци произлегува од новиот Закон за кривична постапка чија што примена треба да стартува од први декември годинава.

Среда, 18 септември 2013 – Предлог-законот за прекршоците е на прво читање на Законодавно-праваната комисија. Една од главните причини за носење на нов Закон за прекршоци произлегува од новиот Закон за кривична постапка чија што примена треба да стартува од први декември годинава.