/ Прочитано:

814

Предложени измени на Законот за данокот на додадена вредност

Владата на Република Македонија во Собранието на РМ поднесе Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка.

akademik foto 1

„Предложената законска измена и дополнување во ставот (3) од членот 14 на ЗДДВ е со цел да се регулира местото на оданочувањето на услугата: обезбедување  пристап до мрежата на електрична енергија во случај на загушување на соодветна алокациска единица при доделување на прекуграничните преносни капацитети на интерконективните водови, по принцип на дестинација, за да се избегне евентуално двојно оданочување или неоданочување во случај на промет спрема лица кои се со седиште надвор од територијата на „земјата“ или пак е примен промет од лица кои се со седиште надвор од територијата на „земјата“. Прeдложената законска измена и дополнување во ставот (1) од членот 30 на ЗДДВ, е со цел да се стимулира користењето на пелети и печки на пелети за греење и котли на пелети како енергенс кој најмалку го загадува воздухот во споредба со останатите енергенси. Со измената во  член 41 став (2) од ЗДДВ ќе се скрати времето потребно за пополнување и поднесување на Пријавата за данокот на додадена вредност (ДДВ-04)“, се вели во законското образложение.

М.В