/ Прочитано:

1.216

ПРЕДНОВОГОДИШЕН ПОПУСТ НА ПРАВНА ЛИТЕРАТУРА ВО АГЕНЦИЈА АКАДЕМИК!

Почитувани читатели, Ве информираме дека во тек е предновогодишен попуст на правна литература во Агенција Академик.

Попустот трае до 15 декември, време во кое можете да набавите дел од најдобрата правна литература во Македонија по ексклузивни и супер цени!

Збирката на прописите од областа на трудовото право, Прирачникот за безбедност и заштита при работа и Законот за семејство можете да ги добиете сите заедно со единствена цена – 5.940 денари со ДДВ.

Законот за стечај, Тужби, Законот за семејство може да бидат дел од вашата библиотека, сите три изданија заедно за единствена цена – 7.350 денари со ДДВ.

Законот за управните спорови,Тужби и Граѓанско право имате прилика да ги набавите како сите три изданија заедно за единствена цена – 7.920 денари со ДДВ.

За нарачка на литература над 20.000 денари имате 10% попуст!

За нарачка на литература над 30.000 денари добивате 20% попуст плус Законот за семејство!

Направете ја својата нарачка во Книжарницата на Агенција Академик на тел. 02/3237 465 и 02/3221 091 или на e-mаil: zafirovskam@akademik.com.mk

Прочитајте повеќе за литературата…

Збирката на прописите од областа на трудовото право – Следејќи ги последните измени на законите во областа на трудовото право, овој исцрпен, сеопфатен и  слободно може да се рече капитален труд и дело, на  765 страници ги изнесува прописите и правилниците на сите закони во целина. Систематски, прегледно, јасно, сè на едно место – во тоа е непроценливата вредност на оваа збирка.Преку Закон за работни односи, Закон за безбедност и здравје при работа, Закон за вработување и осигурување во случај на невработеност, Закон за европски работнички совет, Закон за инспекцијата на трудот, па сè до Правилник за формата и содржината на поканата за едукација, начинот на спроведување на едукацијата и начинот на водење на евиденцијата на спроведената едукација, како и најразлични упатства, како на пример Упатство за начинот на пресметка и исплата на плати и поврат на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во заштитни друштва-ова е само мал дел од она што е опфатено во збирката и што јасно сведочи за нејзиното непроценливо значење.За сите оние на кои трудовото право им се специјалност, овој труд овозможува јасен увид во сите поврзани тематики, на тој начин давајќи му и практична компонента на делото и ја олеснува употребата на законите, прописите и правилниците. Исклучително корисен и за сите студенти и млади професионалци кои се на почетокот од својата кариера, бидејќи им овозможува исцрпен, јасен и опфатен увид во материјата на трудовото право.

Прирачник за безбедност и здравје при работа (со збирка на прописи) – Безбедноста и здравјето при работа е една од темите со која се соочуваат сите работодавачи, но и работници, без разлика на обемот на претпријатието. Обврските но и правата се јасно и недвосмислиено регулирани, и потребно е да се почитуваат од страна на сите чинители на работниот процес подеднакво. Но теоријата (регулативата) и праксата (применувањето) често се разијдуваат. Токму од таа причина е изготвен овој Прирачник, прв од ваков вид досега кај нас, кој ја содржи севкупната важечка законска регулатива, сумирана и на едно место.На 550 страници се детално содржани националната законска регулатива, правилниците и подзаконските акти,  анексите и обрасците. Бидејќи голем дел од малите и средни претпријатија немаат знаење и капацитети, прирачикот ги систематизира правните прописи и дава насоки како да се имплементираат законските мерки, кои мерки може самостојно да се имплементираат, а за кои е потребен ангажман од овластени стручни лица. Конечната цел на овој Прирачник е навремено, законско и ефикасно спроведување и имплементирање на законските мерки и обврски од доменот на безбедност и здравје при работа. Расчистувајќи ги недоумиците, дилемите и нејасностите околу одредени делови од регулативата, овој Прирачник ќе придонесе кон подигнување на знаењата на работодавачите, што ќе резултира со намалување на случаите на повреда при работа и професионалните болести.Неопходен, практичен и применлив за претпријатијата од секаков тип, но и за стручните лица и оние задолжени за безбедност при работа.

Законот за семејството ги содржи главните одредби со кое се регулира семејното право како гранка на правото, и се заснова на одредени принципи на кои се темели регулирањето на општествените односи. Тоа е исклучително битна и жива правна материја, со која се кодифицираат и регулира стожероте на секое општество – семејството.  Оттука, правилната употреба и јасно читање на овој Закон е исклучително важно. Овој Коментар ја има пред себе одговорната и комплексна задача да ги појасни сите нејаснотии, недоречености, да укаже на недостатоците, и да посочи едно правилно читање на Законот, поткрепено со примери од судската практика. Хронолошки се опфатени сите измени и дополнувања на Закот за семејство од осамостојувањето на Македонија и неговото донесување во 1992 година, следејќи ги дополнувањата во однос на правата на детето (1996), заштита на бракот и семејството од нарушени односи и насилство (2004), посвојувањето (2004), новите одредби во врска со посвојувањето (2006), семејно насилство и заштитата на малолетни деца жртви на трговија со луѓе (2008), измена на одредбите за состав и работа на Комисија за посвојување (мај 2010), како и последните измени од 2012 година, кои се однесуваат на жалбите против решенијата на Комисијата за посвојување и случаите во кои како посвоител се јавува странски државјани. Но, ова е само еден мал дел од измените и одредбите опфатени во овој Коментар. Наменет пред сè за потребите на практиката, покрај објаснувањата и коментарите кон одделни одредби од Законот, содржи и судска практика на судовите на Република Македонија, но и на судовите од бившата СФРЈ, кои одлуки можат корисно да послужат за сфаќањето на смислата и досегот  на одредбата кон која се објавени. Покрај тоа, кон одделни одредби објавени се и одредбите од Законот за вонпарнична постапка, кои се однесуваат на тие одредби, а исто така и одредби од Законот за меѓународно приватно право. На тој начин, коментаров комплементарно ги обединува сите норми кои доаѓаат до примена при разрешувањето на извесен правен однос од областа на семејноправните односи.

Закон за стечај– Бидејќи инсолвентноста е честа појава, која се случува не само во Македонија, туку e неизоставен феномен и во развиените земји, потребно е да се воведат современи законски решенија со кои ќе се подобри квалитетот на постапките, со што ќе им се овозможи на трговските друштва кои имаат потенцијал полесно да ги надминат финансиските потешкотии и да добијат нова шанса.Авторот на овој труд се залага за модерно инсолвентно право, и оттука и произлегува и поинаквиот концепт на овој труд. Не само што ги вклучува последните измени на Законот за стечај со сите измени и дополненија вклучително и четвртата новела од мај 2013 како и одлуките на Уставниот суд со кој се укинати одредени одредби од овој закон, туку авторот преку компаративна анализа со одредени решенија во законодавствата на САД, Германија, Англија и други држави, посебно се задржува на  оние измени кои овозможуваат реформа и унапредување на стечајното законодавство во Македонија.Залагајќи се за измени со кои ќе се промени македонското законодавство за стечај кое спаѓа во групата на т.н. конзервативни стечајни правни во модерно инсолвентно право, авторот укажува на потребата за измени. Со тие измени, со кои покрај можноста за впаричување на имотот односно ликвидација на стечајниот должник, ќе се предвидува и можност за спроведување на посебна постапка која може да доведе до продолжување на функционирањето на претпријатијето на должникот со склучување на посебен договор за намирување на доверителите, предвиден во планот за реорганизација. На тој начин ќе се овозможи понатамошно функционирање на претпријатијата.Овој труд не само што ни дава увид во актуелната и моментална ситуација со стечајното законодавство во Македонија, туку и ни пружа една поинаква перспектива, насоки за размислување и потенцијални решенија, преку аналитичкото и компаративно промислување на авторот. Исклучително важен труд за секогаш актуелна тематика.

ТУЖБИ на граѓанското и трговското право и во работните и во управните спорови (примери, прописи, објаснувања и судска практика)-Преку примери и објаснувања, како и општи согледувања, целта на овој обемен и исцрпен труд е да ја приближи материјата на тужбите преку практични и реални примери. 435 тужби, од областа на граѓанското и трговското право, како и работните и управните спорови, се прикажани, објаснети, и коментирани, преку насоки и препораки.Поделена во 6 дела, прикажани се тужби според законот за сопственост и други стварни права (според Закон за договорен залог, Закон заоблигационите односи, Закон за наследувањето, Закон за семејство), тужби на трговското право (според Законот за трговски друштва, други закони од трговските дејности и тужби во врска со вршење на одделни дејности во стопанството), тужби во други правни субјекти, тужби според законот за работните односи, тужби според законите за граѓанските судски постапки и тужби според Законот за управни спорови. На крајот се прикажани апликации според процесните закони за поведување постапка пред Европскиот суд за човековите права.Трудот е збогатен и со примери за противтужби, приговори и предлози, како и со општи согледувања, карактеристики и објаснувања за секој од законите. Кусиот, но темелен вовед јаобјаснува тужбата како средство на имотноправната заштита, при што се опфатени поимот имотноправна заштита и поимањата за барањето (претензијата, претенцијата), за тужбата и за правото на правна заштита.Оваа своевидна „архива“ на тужбите, заедно со прописите, објаснувањата и судската практика претставува искулучително богат и значаен придонес кон материјата на тужбите и е документ кој во голема мера ќе им помогне и на теоретичарите и на практичарите.

Граѓанско право – Теоријата од областа на граѓанското право преведена во пракса.Овој труд се заснова врз долгогодишното искуство на авторот како судија во Врховниот суд. Темелејќи се на големото професионално искуство, претставува исклучителен пример на теоријата преведена во пракса. Со своите написи, трудови и статии го објаснува, толкува и стручно теориски обнародува граѓанското законодавство. Од друга страна пак, со автентичната судска практика, чиј активен партиципант е тој самиот, ја презентира примената на граѓанското право од страна на судиите и судовите во одредени периоди од развојот на македонската држава.

Закон за управните спорови – Ова дело дефинитивно ја надополнува празнината која ја оставија измените на Законот за управни спорови со последните негови измени од  2010 година. Пречистен текст на ЗУС не е донесен, така што интегралниот текст на Законот во овој Коментар е дело на самите автори, со укажувања како гласела односната одредба пред измените и дополнувањата на ЗУС од 2010 година.Употребувајќи го компаративното право, како и насоките прифатени од меродавните фактори од ЕУ, а посебно со новото законодавство, теоретските разгледувања и практиката на оваа област во Р. Србија и Р. Хрватска, како и со она што правната мисла и практика го постигнала во врска со примената на претходните закони за управните спорови , спецификата, големината  и неопходноста на овој авторски труд, оди многу повеќе од само едноставен Коментар на ЗУС.Изработен со нималку лесната задача да придонесе кон правилно применување на законското одредување на управносудската постапка, користејќи ја притоа и скромната објавена судска практика создадена после измените од 2010 година, но и богатата претходна судска практика, авторите настојуваат своите согледувања во врска со одделните одредби од Законот да ги изразат јасно и прецизно. Токму затоа, овој Коментар по својата намена спаѓа во оние во кои проблематиката е обработена од практичен аспект и за практиката, на начин на кој се укажува поврзаноста на одделни членови од законот со други негови членови и со целината на Законот, но и со одредбите од други закони, што овозможува секоја одредба да се согледа во целосноста на законот, на одделните гранки од правото, а некаде – и во целината на правниот систем.Во согледувањето на целокупноста на Законот, особено се од помош и бројните изводи од судски одлуки, примерите на тужби, одговори на тужби и жалби, како и предметниот регистар, на тој начин пружајќи соодветен придонес во примената на овој дел од правото со кој се уредува управносудската постапка