/ Прочитано:

757

Прекината седницата на Советот на општина Центар

Вторник, 11 јуни 2013 – По  цели 20 часа работа, утрово е прекината седницата на Советот на општина Центар. 

Советниците стигнале до 13-та точка, а се очекува на следната седница закажана за во четврток да биде  разгледана спорната точка 14 која предвидува измени на Деталниот урбанистички план за местото каде што се наоѓа црквата Св. Константин и Елена. 

Наспроти објаснувањата на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски дека нема да се урива црквата Св. Константин и Елена лоцирана пред Домот на АРМ, незадоволните граѓани вчера кршеа прозорци, бутаа огради и маваа со јајца по бараките на општината, додека во тек беше  седница на Советот.

За денеска беше предвидена и средба меѓу Жерновски и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, но истата е одложена поради смртта на владиката Кирил.