/ Прочитано:

2.087

ПРЕСУДА НА ЕСЧП ЗА НЕФЕР СУДЕЊЕ ПРЕД ВРХОВНИОТ СУД: Струмички хирург немал фер сослушување – јавниот обвинител имал привилегиран третман како странка

Струмички хирург до Европскиот суд за човекови права се жалел дека кривичните постапки против него не биле завршени во разумно време и дека не му било овозможено фер сослушување во постапките пред Врховниот суд. ЕСЧП, во објавената пресуда за овој случај, смета дека постои повреда на правата во поглед на должината на постапките и во поглед на на недостатокот на еднаквост на оружјата во постапките пред Врховниот суд. Судот потсетува дека принципот на еднаквост на оружјата – еден од елементите од концептот на фер судење – бара на секоја страна да и биде дадена разумна можност да го презентира својот случај под услови кои нема да ја стават во значителна понеповолна положба во однос на нејзиниот противник.

Историјат и тек на постапката против струмичкиот хирург

Струмичкиот хирург бил обвинет за тешки дела против здравјето на луѓето, а во врска со медицински третман над пациент во струмичката болница. Во пресудата се вели дека  хирургот ја лекувал повредената и скршена рака на пациентот, и откако примениле различни третмани заедно со уште двајца доктори и останатиот болнички персонал го упатиле пациентот во детската клиника во Скопје. Пациентот бил прегледан во детската клиника во Скопје, каде било утврдено дека има сериозна бактериска инфекција поради што неговата десна рака била ампутирана.

„Истражниот судија од првостепениот суд во Струмица („судечкиот суд“), на барање на јавниот обвинител отворил истрага против жалителот. Јавниот обвинител поднел обвинителен акт против жалителот за тешки дела против здравјето на луѓето“, се вели во пресдата.

Како што се наведува во пресудата на ЕСЧП, првостепениот суд во Струмица, хирургот го ослободил од обвинението, но оваа пресудата била поништена од страна на Апелациониот суд во Штип.  Основниот суд повторно го ослободил жалителот бидејќи не нашол основи дека кривичното дело било извршено со намера.

Апелациониот суд, по сопствено убедување, на седница во присуство на двете страни, го преквалификувал обвинението и го одбил како застарено. Тој нашол дека и покрај неговите инструкции дадени во претходните одлуки за повторно одлучување, степенот на вина на жалителот не бил точно утврден во постапките пред судечкиот суд. Апелациониот суд заклучил дека постапувањето на жалителот повеќе било небрежно отколку со намера, па според тоа кривичното обвинение застарело.

Но, Врховниот суд го прифатил барањето за заштита на законитоста поднесено од страна на јавниот обвинител, и го вратил предметот на повторно одлучување пред апелациониот суд. Врховниот суд утврдил дека апелациониот суд, со преквалификувањето на обвинението уште еднаш ги утврдил фактите, но без да одржи претрес. Апелациониот суд одржал претрес во присуство на двете страни и повторно ги отфрлил обвиненијата како застарени.  Жалителот и јавниот обвинител поднеле жалби пред Врховниот суд. Жалителот исто така доставил и одговор на жалбата на јавниот обвинител.

„На 26 март 2008 Врховниот суд одржал седница во присуство на јавниот обвинител. По усното сослушување на наводите на јавниот обвинител, во кои тој барал да се одбие ЕФТИМОВ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – ПРЕСУДА жалбата на жалителот а да се уважи жалбата на обвинителството, а имајќи ги во предвид писмените поднесоци на странките, Врховниот суд ја одбил жалбата на жалителот, ја уважил жалбата на јавниот обвинител и ја преиначил пресудата на Апелациониот суд.  Врховниот суд ги прифатил наоѓањата на судечкиот судија во поглед на фактите и правото, првично дека конкретното кривично дело треба да се квалификува како тешко дело против здравјето на луѓето, извршено со намера. Врховниот суд заклучил дека жалителот бил виновен и го осудил на една година затворска казна и жалителот започнал со издржување на затворската казна. На 6 октомври 2009 судечкиот судија ја заменил затворската казна со условен отпуст“, се посочува во пресудата на ЕСЧП.

„При определување на било какви кривични обвиненија против него, секој има право на фер судење во разумен рок….“

Струмичкиот хирург, преку својот застапник, адвокатката Павлинка Гичева – Петкова, се жалел дека кривичните постапки против него не биле завршени во разумно време. Тој понатаму се жалел дека не му било овозможено фер сослушување во постапките пред Врховниот суд бидејќи, за разлика од јавниот обвинител, тој не присуствувал на седницата ЕФТИМОВ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – ПРЕСУДА на Врховниот суд на која и следела одлука со која тој бил осуден и му била изречена затворска казна. Тој се повикал на членот 6 од Конвенцијата, кој во релевантниот дел гласи: „При определување на било какви кривични обвиненија против него, секој има право на фер судење во разумен рок…..“. 

ЕСЧП смета дека случајот имал мала сложеност поради потребата од вештачење за утврдување на степенот на вина на жалителот. Судот не смета дека ова само по себе може да го оправда целокупното долго траење на постапките од скоро единаесет години.

„Ова дотолку повеќе што вештачењата биле предвидени за судската постапка, биле побарани од страна на судија кој се смета за одговорен за подготовката и темпото на судењето“, се вели во пресудата.

Сериозен недостаток на постоечкиот систем на државата

Судот понатаму забележува дека не му биле презентирани никакви докази дека процесните одолговлекувања можат да му се припишат на жалителот. Во поглед на однесувањето на надлежните, Судот забележува дека истрагата траела три години, а случајот бил враќан на повторно одлучување во три наврати.

„Во врска со ова судот потсетува дека повторувањето на повторно испитување на ЕФТИМОВ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – ПРЕСУДА предметот проследено со повторно одлучување само по себе открива сериозен недостаток на постоечкиот систем на Државата. Судот заклучува дека во конкретниот случај должината на постапките била премногу долга и не ги задоволила критериумите за “разумен рок”, стои во пресудата.

Исто така, жалителот навел дека, за разлика од јавниот обвинител, тој немал можност да присуствува на седницата на Врховниот суд од 26 март 2008, иако, како што се вели во пресудата, без сомнение требало да присуствува, имајќи го во предвид фактот дека неговата наводна намера (степенот на вина) да го изврши кривичното дело, била тема на разгледување на седницата.

Судот не гледа причина зошто му се дава привилегиран третман на јавниот обвинител кој дејствува како странка 

„Судот не гледа причина зошто му се дава привилегиран третман на јавниот обвинител кој дејствува како странка во постапката и е противник на жалителот. Уште повеќе што фактичкото прашање за намерата на жалителот било тема на испитување на Врховниот суд, со што се зголемува потребата да се покани жалителот и да му се даде можност да биде присутен на седницата на судот за еднаква база со јавниот обвинител“, се вели во пресудата.

Судот потсетува дека принципот на еднаквост на оружјата – еден од елементите од концептот на фер судење – бара на секоја страна да и биде дадена разумна можност да го презентира својот случај под услови кои нема да ја стават во значителна понеповолна положба во однос на нејзиниот противник.

Ова во принцип се однесува на можноста на страните на судењето да имаат сознание за и да ги коментираат сите приложени докази или доставени поднесоци, дури и од страна на независен член на националната правна служба, со цел да влијаат на одлуката на судот.

Судот забележува дека Врховниот суд „ја искористил само својата статусна моќ кога се повикал и ги прифатил фактите утврдени од страна на судечкиот суд и  тој одлучувал по жалбите на двете страни на седница на која бил присутен само јавниот обвинител“.

Повреда во поглед на должината на постапките и повреда во поглед на недостатокот на еднаквост на оружјата 

„Датумот на одржување на седницата му бил соопштен на јавниот обвинител. Јавниот обвинител присуствувал на седницата и дал своја усна изјава со која побарал жалбата на жалителот да биде одбиена и жалбата на обвинителството да биде прифатена. Врховниот суд ја навел оваа изјава во својата одлука. Жалителот не бил присутен, и поради тоа немал можност да даде одговор на ваквите наводи. Во врска со ова, Судот забележува дека жалителот не го искористил своето право. Како резултат на тоа, тој не бил известен за седницата на Врховниот суд. Сепак, судот не побарал негово присуство иако имал таква надлежност и иако се расправало за фактичко прашање, односно за степенот на вина на жалителот.

За овој случај ЕСЧП смета дека има повреда на членот 6 став 1 од Конвенцијата во поглед на должината на постапките; дека има повреда на членот 6 став 1 од Конвенцијата во поглед на недостатокот на еднаквост на оружјата во постапките пред Врховниот суд; и смета дека одговорната држава треба да му плати на жалителот оштета.

M.В / veljanoskim@akademik.mk

7.12. 2015