/ Прочитано:

727

Претседателските избори закажани на 13 април

Сабота, 1 февруари 2014 – Претседателските избори ќе се одржат на 13 април. Ова денеска го истакна претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски по потпишувањето на Решението за распишување избор на претседател на Република Македонија. 

„Решението за распишување на изборот ќе биде доставено до Државната изборна комисија (ДИК) како орган за спроведување на изборите, како и до министерствата за надворешни работи и за правда“, рече Вељаноски.