/ Прочитано:

1.136

„Приказната за која ЦИА не сака да зборувате“: Институтот за човекови права „Отворено општество“ објави извештај за тајните анти-терористички операции на ЦИА, се спомнува и Македонија

Вторник, 6 февруари 2013 – Киднапирање на луѓе од  улица. Луѓе кои висат на таван. Човек кој до смрт се смрзнува на бетонски под.  Ова е приказна за тоа како САД ја користи својата позиција и силна рака да убеди 54 земји по 9/11 да учествуваат во тајната програма на ЦИА за киднапирање и нелегално депортирање во тајни затвори на лица осомничени за тероризам – се вели во воведот на извештајот на Меѓународниот институт за човекови права „Отворено општество“.  Во сеопфатната анализа наречена „Глобализирање на тортурата  свое место зазема и Македонија како резултат на случајот Калид Ел-Масри за кој неодамна  Судот за човекови права донесе пресуда во корист на германскиот државјанин.

Веднаш по терористичките напади на 11 Септември 2001-та, американската Централна разузнавачка агенција започнала тајни програми во кои осомничените терористи биле задржувани во тајни затвори на ЦИА надвор од Соединетите американски држави или предавани на трети држави без легален процес.

 ЦИА, според извештајот, имала тајни затвори во 54 држави каде биле испрашувани и мачени лицата осомничени за тероризам. Овие земји се наоѓаат на сите континенти од Авганистан, Јемен, Зимбабве, до 25 европски држави, како Австрија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Финска, Германија, Ирска, Велика Британија, Шпанија и Италија. Од нашите соседи биле вклучени Албанија и Грција. Во извештајот се спомнува и Македонија за учество во операцијата за киднапирање и испитување на германскиот државјанин со либанско потекло Калид Ел-Масри.

Во тајните затвори на ЦИА во Тајланд, Романија, Полска и Литванија биле испрашувани и мачени и петмина обвинети за атентатите од 11-ти септември, се вели во извештајот.  Во него се идентификувани вкупно 136 лица, кои биле затворени и префрлани од едно на друго место според програмата на ЦИА. Некои биле членови на Ал Каеда, но и други лица уапсени по грешка.