/ Прочитано:

3.174

ПРИМЕРИ ОД ПРАКТИКАТА ЗА СУДСКИ ПРОЦЕСИ ПРОТИВ СУДИИ: Поткуп, злоупотреби, фалсификување

Корупцијата во правосудството е злоупотреба на материјалните и процесните правила, злоупотреба на дискреционите овластувања од страна на правосудниот орган при раководење на постапките и при процесот на одлучување.

„Корупцијата е одредена постапка со намера, процес во кој учествуваат најмалку две лица. Тоа е недопуштена размена за остварување на сопствена корист на штета на јавниот интерес, со која се кршат правните и моралните норми спротивно на принципите на владеењето на правото“, д-р Тодор Витларов, виш јавен обвинител.

Етиологијата на корупцијата се согледува низ два сегменти: субјективен и објективен фактор, во кои спаѓаат факторите како: неодговорна власт, тромава администрација и функционирањето на правната држава (начело на законитост, еднаквост на граѓаните пред законот, слобода на пазарот)

Д-р Витларов вели дека основен постулат на превенцијата од корупцијата е функционирањето на правната држава, а во тој контекст и создавање на институционални и реални услови за функционирање на независно судство и самостојно јавно обвинителство.

„Од друга страна, пак, репресијата на корупцијата најуспешно можат да ја остварат некорумпирани, стручни судии и јавни обвинители“, вели Витларов.

Тој истакнува дека корупцијата во правосудството е злоупотреба на материјалните и процесните правила, злоупотреба на дискреционите овластувања од страна на правосудниот орган при раководење на постапките и при процесот на одлучување.

„Размена на нечесна пресуда – одлука за нечесна корист“, истакнува тој, додавајќи дека етичките стандарди се од суштинско значење и за независноста на судството.

Според него, обезбедувањето на надворешната независност на судството е во две насоки: начин за брзо остварување на правдата и создавање правен амбиент во кој судството ќе ја остварува својата независност преку системот за избор и разрешување на судии, финансиската независност, општествено-материјалниот статус на судиите, развиени етички стандарди, професионалност и чесност.

Внатрешната независност, смета јавниот обвинител, се согледува преку одговорот на прашањето дали судиите сами би се бореле за сопствената независност, која се заснова на стручност, професионалност, сопствен интегритет, совесност, непристрасност и сопствена заштита, од секој облик на корупција.

Обвинителот Витларов на Конференцијата посветена на најдобрите практики во правосудството ги презентираше следните примери од практиката во врска со прашањето за корупцијата: ПРИМЕРИ ОД ПРАКТИКАТА .

M.В