/ Прочитано:

968

Притвор за осомничените за масакрот кај Железарското езеро

Среда, 2 мај 2012 – Доцна синоќа, одредена е мерка притвор за осомничените за масакрот кај Железарското езеро. 30 дневен притвор за петмината осомничени за тероризам, оние за кои се претпоставува дека се директно поврзани со убиството на петте недолжни граѓани.

Двајца од осомничените се во бегство, додека другите тројца од кои еден е осомничен дека е директен извршител на убиството се пренесени во истражниот затвот во Шуто оризари. Скопскиот адвокат Насер Рауфи, сега за сега е единствениот за кој се знае дека ќе биде дел од одбраната на осомничените. Според изјавата на Рауфи што ја пренесоа неколку медиуми, лицето кое е осомничено дека пукало во момчињата, пред истражниот суд се бранело со молчење. 

Притвор од 30 дена добија и четворица други осомничени за недозволено држење и тргување со оружје и други криминални дела. 

Извадок од КЗ

Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи

Член 396

(1) Тој кој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години.

(2) Ако предмет на делото од ставот 1 е поголемо количество на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години.

(3) Ако делото од ставовите (1) и (2) на овој член е сторено во група, банда или друго злосторничко здружение, сторителот ќе се казни со затвор најмалку осум години.

(4) Предметите од ставовите 1 и 2 и средствата за нивно изработување, пренесување и растурање ќе се одземат.

Поради болест, од слобода ќе се брани 60- годишната жена од кумановското село Отља кај која полиција пронајде поголемо количество на оружје и муниција.  Kраткораен 48 часовен привор e одреден за десетмина од приведените.  Дел од осомничените се однесени во затворите во Битола и Прилеп.