/ Прочитано:

790

Притворот на Шиповиќ продолжен за нови 30 дена

Сабота, 1 февруари 2014 – Претседавачот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ, вчера добил решение од Кривчниот суд со кој притворот му се продолжува за нови 30 дена.

Од одбраната очекуваат во текот на следната недела јавното обвинителство да се изјасни за гаранциите со кои се бара Шиповиќ да се брани од слобода.

Шиповиќ, на кого по трет пат му се продолжува притворот, беше уапсен на аеродромот во Виена, од каде потоа  беше екстрадиран во Македонија. Обвинет е за финансиски злоупотреби во висина од еден милион евра, во фирмата „Машинопромет“, кои наводно се случиле додела бил на чело на истата.