/ Прочитано:

626

Приведен осомничениот за тројното убиство во Кавадарци

Вторник, 11 септември 2014 –  Полицијата претпладнево го приведе четириесетгодишниот Т.С., осомничен за тројното убиство во Кавадарци, јави МИА.

Тој е приведен пред околу половина час на гробиштата во Кавадарци. Откако бил забележан се обидел да избега, но бил пресретнат од полицијата.

Кај него е пронајден пиштол со два куршума, за кој се претпоставува дека е оружјето со кое е извршено убиството. 

Тројното убиство беше извршено завчера во семејната куќа на убиените со огнено оружје калибар 9 м.м.. Со по еден истрел беа застрелани родителите и сестрата на неговата сопруга: Илија.Л. (61), Билјана Л. (56) и Снежана Л. (33), сите од Кавадарци. 

При увидот на местото на убиството се подигнати чаури и траги кои беа испратени на вештачење во криминалистичка техника при МВР. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се предадени во Институтот за судска медицина заради вршење обдукција.

Осомничениот за убиството бил повеќепати пријавуван за неколку дела, а против него биле поднесувани и кривични пријави за семејно насилство.

 Повеќе детали МВР најавува во текот на денот.