/ Прочитано:

1.021

Приведени околу 15 емигранти на меѓуградската автобуска во Скопје

Четврток, 25 септември 2014 – Во акција спроведена денеска, полицијата приведе 15 мигранти во кругот на меѓуградската автобуска станица во Скопје.

Приведените мигранти се од Авганистан, Сирија и Сомалија. Во Скопје пристигнале со автобус.

Странците по завршување на полициската истрага ќе бидат сместени во Прифатниот центар крај Скопје.