/ Прочитано:

881

Продолжуваат протестите во Турција: уапсени 25 лица поради пораки на „Твитер“

Среда, 5 јуни 2013 – Вчера, во турскиот град Измир, биле уапсени 25 лица, поради тоа што повикувале, како што се наведува, на антивладини протести преку пораки на социјалната мрежа „Твитер“.

Информацијата ја потврди и агенцијата „Анатолија“, како и застапникот на Републиканската партија, Али Енгин. Претходниот викенд, турскиот премиер, Реџеп Таип Ердоган, во жестока изјава „Твитер“ го нарече „зло“ на денешницата. Вчера, пак, заменик-премиерот, Булент Аринч, се извини за насилниот однос на полицијата што дојде како одговор на владата, и повика да се прекинат неколкудневните протести. Демонстрантите, сепак, и вчера го преплавија плоштадот „Таксим“ во Истанбул.

Од петокот наваму, масовни протести се одржуваат и во Анкара, Измир, Мугла, Анталија и други градови.