Проект за соодветно постапување со задржани и осудени лица
Петок, 14 јуни 2013 – Министрите за внатрешни работи и за правда, Гордана Јанкулоска и Блерим Беџети, денеска ќе учествуваат на промоцијата на Проектот „Јакнење на капацитетите на органите за спроведување на Законот за соодветно постапување со задржани и осудени лица“, што ќе се реализира во наредните две години.
За реализација на проектот се предвидени 2,1 милиони евра, од нив, 1,8 милиони евра од ЕУ, 100.000 евра од Советот на Европа и 200.000 евра од буџетот на РМ. Проекото треба да се заврши до 30 ноември 2014 година.
Главните цели на проектот што ќе се изведува во организациските единици на министерствата за внатрешни работи и за правда се развој на професионалните капацитети на полицијата со гарантирање на целосно почитување на фундаменталните човекови права преку ефикасна и сигурна регулација, како и јакнење на организационите и управувачки капацитети на затворскиот систем со обезбедувае на целосна заштита на човековите права во лечење на притворените и осудените лица.