/ Прочитано:

1.557

„Промени на регулативната рамка во електронските комуникации во Република Македонија во 2014 година“ – Бојана Стефановска, соработник за правни работи во АЕК

Автор: Бојана Стефановска, Соработник за правни работи во Агенција за електронски комуникации

Информациските и комуникациските технологии имаат круцијална улога во целокупниот развој на државата. Овие технологии позитивно влијаат врз социјалниот, културниот, образовниот, здравствениот развој, овозможуваат поголема конкурентност, значително намалување на трошоците, подобри јавни услуги, ја поттикнуваат иновативноста во интернет услугите богати со содржина и ја зајакнуваат меѓународната конкурентност на Република Македонија.

Република Македонија како земја со кандидатски статус за членство во Европската унија има обврска да го усогласи националното законодавство со корпусот правни акти на ЕУ т.н. acquis. Во таа насока е и потребата од усогласувањето на Македонското законодавство со пакетот на Директиви за електронски комуникации кои Европската Унија ги има усвоено во 2009 година.

Со Законот за електронски комуникации се обезбедува поттикнување на развојот на јавните електронски комуникациски мрежи и услуги во Република Македонија, со цел да се обезбеди економски и социјален развој; унапредување на развојот и поттикнување на инвестиции во јавните електронски комуникации со воведување на нови технологии и услуги, а особено со воведување на следни генерации на јавни електронски комуникациски мрежи; заштита на правата на корисниците, вклучувајќи ги корисниците со инвалидитет и корисниците со посебни социјални потреби; обезбедување на ефикасна конкуренција на пазарот за електронски комуникации; обезбедување на универзална услуга; ефикасно користење на радиофреквенцискиот спектар и нумерацијата; поголема заштита на приватноста и обезбедување на доверливост на комуникациите; поголема регулаторна предвидливост и доследност.

>>>Целосниот текст на правната анализа  „Промени на регулативната рамка во електронските комуникации во Република Македонија“