/ Прочитано:

837

ПРОМОЦИЈА НА ПУБЛИКАЦИЈА: „Ефективна одбрана во кривичните постапки во Република Македонија“

Понеделник, 8 декември 2014 – На 10 декември, во 14.00 часот, во ГЕМ клубот, во Скопје, ќе се одржи промоција на деветтата публикација од едицијата „Примена на законите под лупа“: „ЕФЕКТИВНА ОДБРАНА ВО КРИВИЧНИТЕ ПОСТАПКИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“. Автор на истражувањето е проф. д-р Гордан Калајџиев, во соработка со доц. д-р. Бобан Мисоски, доц. д-р. Дивна Илиќ и м-р Андреј Божиновски. Промотор на изданието е адвокатот Стерјо Зиков. 

Истражувањето ги детектира нормативните, системските и практичните проблеми во остварувањето на правото на ефикасна одбрана и правично судење, согласно востановените меѓународни стандарди и добрите практики на развиените европски демократии. Целта на истражувањето е да се обезбеди ефикасна имплементација на гаранциите за правата на одбраната, особено во светлината на новините воведени со реформата на кривичната постапка.