/ Прочитано:

889

Пронајдени 12 артилериски гранати над село Ваташа

Четврток, 2 мај 2013 – Во месноста „12 деца“ над село Ваташа, пронајдени се 12 артилериски гранати по дојава од полицијата во Кавадарци.

Тимот на пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување ги презедоа гранатите и во моментот теренот е безбеден за минување на посетители.

Од Дирекцијата за заштита и спасување препорачуваат доколку викендашите наидат на средства кои наликуваат на минско-експлозивни средства, веднаш да ја известат полицијата која е во постојан контакт со тимот пиротехничари на Дирекцијата.

Истовремено, апелираат поради високите температури да не се пали оган на отворен простор кој може да предизвика пожар на теренот.