Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во февруари 2023 година
На 6.2.2023 година стапуваат во примена член 20, точка 2 и членот 87, ставови 2 и 3 од Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.
Точка 2 од членот 20 кој се однесува на надлежностите на Министерството за правда, гласи:
„2) обезбедува финансиски средства за надоместок за жените жртви на родово-базирано насилство и семејно насилство согласно со закон;“,
а ставовите 2 и 3 од членот 87 (Обештетување на жртви), гласат:
„(2) Жртва која своето имотно-правно побарување досудено со правосилна судска пресуда не може да го наплати од сторителот, ќе може да бара истиот да се исплати од државен фонд согласно со закон.
(3) Жртвите се ослободени од плаќање на сите трошоци на постапките за надоместок на штета се до конечна наплата на имотно-правното побарување согласно со закон.“
Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец февруари 2023 година