/ Прочитано:

2.466

Слеано пишување на именките

Старата латинска вели REPETITIO MATER STUDIORUM EST или ПОВТОРУВАЊЕТО Е МАЈКА НА ЗНАЕЊЕТО, затоа Академик ќе ве потсетува на некои правила од Правописот на македонскиот јазик со цел да го повториме она што некогаш сме го учеле.

Слеано се пишуваат:

  1. Сложените именки: купопродажба (купување и продажба), примопредавање (примање и предавање), Евроазија (Европа и Азија), Индокина (меѓу Индија и Кина), југоисток (меѓу југ и исток), југозапад, североисток, северозапад.
    • Странките склучија договор за купопродажба.

 

  1. Сложените именки со прва компонента само- : самоанализа, самовоспитание, самогласка, самодисциплина, самодоверба, саможртва, самозаштита, самоодбрана, самопочит, самофинансирање.
    • Делото го сторила во самоодбрана.

 

  1. Сложените именки со прва компонента многу: многубоштво, многуженство, многукатница.
    • На таа парцела ќе никне нова многукатница.

 

  1. Именки со прва компонента: меѓу-: меѓувреме, меѓунаслов; под-: поднаслов, потпретседател, поттекст, потточка; пред-: предговор, предуслов; против-: противвредност, противдоказ, противкандидат, противмерка, противнапад, противпредлог, противтужба, противуслуга; со-: соборец, соговорник, соживот, соучесник.
    • Тие поднесоа противтужба.

 

  1. Сложени именки со прва компонента туѓојазична основа што го дополнува значењето на втората компонента: аудио-: аудиозапис, аудиометар, аудиосистем, аудиоснимка; афро-: Афроамериканец; видео-: видеонадзор, видеопроекција; вице-: вицеадмирал, вицегувернер, вицепремиер; гео-: геополитика; евро-: еврозона, евроинтеграција, еврокомесар; екс-: експретседател; екстра-: екстрадобивка, екстрадоход, екстрапрофит; квази-: квазиавторство, квазинаука, квазимакедонец, квазипатриот; кибер-: кибербезбедност, киберпростор; контра-: контраакција, контранапад, контраразузнавање; крим-: кримтехника, кримтехничар; макро-: макроекономија, макроклима, макроструктура; мега-: мегабајт, мегават; мета-: метајазик, метаподатоци; нуз-/нус-: нузефект, нуспојава, нуспродукт, нуспроизвод; радио1- (‘што се однесува на радио’): радиоапарат, радиоврска, радиопредавател, радиостаница, (но: радио-телевизија); радио2– (‘што се однесува на радијација, на зрачење’): радиоактивност, радиотерапија; суб-/суп-: субординација, супспецијалист, супстандард; супер-: суперкомисија, , суперпродукција, суперревизија; ултра-: ултрадесница, ултразвук, ултралевица, ултранационализам; фото1- (‘фотографски’): фотоапарат, фотодокументација, фотокопија, фотомонтажа; фото2- (’што е во врска со светлина’): фотоефект, фотосинтеза, фотосфера, фототерапија; хипер-: хипермедиуми, хиперпродукција, хипертекст.
    • Правниот субјект не смее да врши видеонадзор во своите работни простории.

 

  1. Сложените именки во кои првата компонента е број или бројна придавка: дваесетгодишнина, дваесеткатница, десетгодишник, тримесечје, второкласник и сл.
    • Во второто тримесечје од годината цените на мало бележат пораст.