Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец април 2019 година, заедно со табеларниот преглед.
На 1 април стапува во примена новиот Законот за јавните набавки. Со овој закон се уредуваат начинот и постапките за јавни набавки, надлежностите на Бирото за јавни набавки, надлежностите на Државната комисија за жалби по јавни набавки и правната заштита во постапките за јавни набавки, како и правната заштита во постапките за доделување концесии и договори за јавно приватно партнерство.
На 8 април стапуваат во примена одредби од Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити кои се однесуваат на годишната стапка на вкупни трошоци.
На 1 април престанува да важи Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр. 136/2007, 130/2008, 97/2010, 53/2011, 185/2011, 15/2013, 148/2013, 160/2013, 28/2014, 43/2014, 130/2014, 180/2014, 78/2015, 192/2015, 27/2016, 120/2016, 165/2017 и 83/2018) и одредби од Законот за пензиското и инвалидското осигурување.
На 1 април стапува во примена Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за индивидуални сметки, а во врска со Правилникот за измена и дополнување кој се однесува на евиденција на даночен број на работодавачот.
На 1 април, исто така, стапува во примена и Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за условите под кои воздухоплов без екипаж може да лета во македонскиот воздушен простор.