/ Прочитано:

1.629

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец мај 2019 година

Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец мај 2019 година, заедно со табеларниот преглед на одредбите од прописите што престануваат да важат.

На 8 мај стапуваат во примена одредби од Законот за судска служба, а на 15 мај стапуваат во примена одредби од Законот за консолидација на земјоделско земјиште.

Од подзаконските акти, на 1 мај стапуваат во примена одредби од Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот, правилата и посебните услови за вршење на надзор на стручното оспособување на персоналот во воздухопловството и другиот стручен персонал, како и посебните услови кои треба да ги исполнува лице за да врши работи на инспектор.

На 1 мај стапуваат во примена одредби од Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за барањата во однос на квалитетот на мелено месо, подготовки од месо и производи од месо.

Исто така, на 1 мај стапува во примена целиот Правилник за стручно оспособување, проверки, дозволи и овластувања на воздухопловно-техничкиот персонал за одржување на воздухоплови, а престанува да важи Правилникот за стручно оспособување, проверки, дозволи и овластувања на воздухопловно-техничкиот персонал за одржување на воздухоплови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 199/2018).

Целосен табеларен приказ на прописите чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец мај 2019 година