/Прочитано:

737

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец март 2019 година

Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец март 2019 година, заедно со табеларниот преглед.

На 7 март стапуваат во примена одредби од Законот за основното образование во врска со сертификатите за познавање странски јазик од страна на директорите, додека на 13 март стапуваат во примена одредби од Законот за финансиската инспекција во врска со лиценците на инспекторите.

Од подзаконските акти, на 1 март стапуваат во примена Програмата за определување средства потребни за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија на домашни и странски превозници за периодот од 2019 – 2022 година и Програмата за обезбедување на средства за уредување и одржување на гробишта и гробови на паднати борци во Антифашистичката војна и другите национално ослободителни војни на Македонија погребани на територијата на Република Македонија за 2019 година.

На 14 март стапува во примена Решението за изменување и дополнување на Решението за цените на обрасците што ги издава Министерството за внатрешни работи.

На 1 март престанува да важи Програмата за определување средства потребни за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија на домашни и странски превозници за периодот од 2019 – 2021 година.

Целосен преглед на прописите чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец 201