Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец април 2021 година, заедно со табеларниот преглед.
На 1 април стапуваат во примена: Правилникот за екипаж на воздухоплов; Правилникот за заедничките основни правила за дејностите во цивилното воздухопловство; Правилникот за летачки операции; Правилникот за изменување на Правилникот за техничките и функционалните карактеристики на интегрираниот автоматски систем за управување, образецот на фискалната сметка, образец на фискално лого, документот касова сметка за сторна трансакција, формата и содржината на книгата за дневни финансиски извештаи, начинот за одобрување и продолжување на дозволата на производството и продажбата на соодветен модел на фискална апаратура, односно интегриран автоматски систем на управување, начинот на одземање на дозволата за одобрување на производството и продажбата на соодветен модел на фискална апаратура, односно интегриран автоматски систем на управување, функционалните и техничките карактеристики кои треба да ги имаат фискалните апарати и интегрираниот автоматски систем за управување, постапката и документацијата за нивно одобрување за производство и продажба, елементите на фискалната сметка, начинот на проверка и контрола на фискалните апарати и правилата за техничко одржување и сервисирање на истите, формата и содржината на барањето за добивање овластување за вршење на контрола и проверка на функционалните и техничките карактеристики на фискалниот систем на опрема и потребната документација.
На 1 април, исто така, престануваат да важат: Правилникот за стручно оспособување, проверки, дозволи и овластувања на пилоти на авиони; Правилникот за стручно оспособување, проверки, дозволи и овластувања на пилоти на хелихоптери; Правилникот за стручно оспособување, проверки и уверенија на стручна оспособеност на кабински персонал во воздухоплов; Правилникот за екипаж на воздухоплов и Правилникот за стручната подготовка, испитите и дозволите за работа на членовите на екипаж на воздухоплов.