/ Прочитано:

9.051

Правен лексикон: ERROR IURIS

ПРАВНА ЗАБЛУДА (ERROR IURIS) Означува заблуда за постоењето и значењето на една правна норма.

Имено, може да се случи учесниците во еден правен однос да сметаат дека некоја правна норма не постои, или погрешно да го сфаќаат нејзиното значење. Поради тоа, тие влегуваат во правен однос во коj доколку ја знаелe точно содржината на правната норма или дека правната норма го забранува таквото однесување, не би влегле.

Правната заблуда, во нашиот правен систем не претставува извинувачката заблуда, според она старо правно правило од римското право: ignoratio iuris nocet, т.е. дека незнаењето на правото наштетува.

Сепак, доколку постои права забрана, а странките од правниот однос тоа не го знаеле кога склучиле одредено правно дело, тоа може да доведе до ништовност на правното дело, зависно од тоа какви последици таа правна забрана предвидува.

Пример на правна заблуда е,  на пример, случајот кога штетникот кој усмртил едно лице на братот, односно на сестрата на тоа лице со кои тоа лице не живеело во заедница се обврзува да им исплати надомест на нематеријална штета за изгубено блиско лице.

Во таков случај се поставува прашање дали тоа лице може да го побива таквиот договор, односно да приговара дека не е обврзан да го плати тој надомест, ако е тужен за исполнување на таа договорна обврска.

Правен лексикон: DONANDI CAUSA

Правен лексикон: TITULUS ACQUIRENDI

Правен лексикон: AB INITIO