Правен лексикон: RATIO LEGIS
RATIO LEGIS е поим со кој се означува смислата на законот, т.е. барање на мотивот поради кој едно правно правило е донесено, односно утврдено.
На тој начин може да се определи и досегот на тоа правно правило во врска со неговата примена на одредени случаи. Овој поим често овозможува примената на правото да се изврши и преку аналогија, т.е. во случај кој не се совпаѓа со диспозицијата на правното правило, но постои ratio legis и за примена на тоа правно правило и во таков случај.
Правен лексикон: DONANDI CAUSA
Правен лексикон: TITULUS ACQUIRENDI