Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец април 2022 година
На 25.04.2022 година, стапуваат во примена одредби од Законот за управување со отпадот, односно одредбите од членовите 81, 105, 106, 107, 108, 109, 110, 111, 112 и 122 кои се однесуваат на надлежноста на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
На 11.04.2022 година, почнува да се применува Одлуката за начин на работа на посебната сметка, а на 13.04.2022 година, почнува да се применува Одлуката за начинот на водењето и содржината на единствениот регистар на трансакциски сметки.
Погледнете ја деталната листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец април 2022 година на следниот линк Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец април 2022 година