Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јануари 2020 година
Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јануари 2020 година, заедно со табеларниот преглед.
На 1 јануари започнуваат да се применуваат: Законот за акцизите, со кој се уредуваат акцизите за добрата подлежни на акциза; Законот за правосудниот испит, со кој се уредуваат условите и постапката за полагање на правосудниот испит и Законот за данок на моторни возила, со кој се уредува данокот на моторни возила наменети за употреба на територијата на Република Северна Македонија. На 15 јануари, пак, започнува да се применува Законот за Инспекторат за употреба на јазиците, со кој се уредуваат надлежноста, организацијата и постапките на инспекцискиот надзор на инспекторатот.
Исто така, на 1 јануари стапуваат во примена одредби од следните закони: Законот за јавните набавки, Законот за данокот на личен доход, Законот за пожарникарството, Законот за внатрешни работи, Законот за здравствената заштита.
Во месец јануари стапуваат во примена одредби од повеќе подзаконски акти. На 1 јануари стапуваат во примена: Правилникот за начинот на полагање на правосудниот испит и за формата и содржината на уверението за положен правосуден испит; Одлуката за усогласување и менување на Царинската тарифа за 2020 година; Уредбата за методологијата за утврдување на критериуми за распределба на блок дотации за јавните установи за социјална заштита – домови за стари лица за 2020 година; Уредбата за методологијата за утврдување на критериуми за распределба на блок дотации за јавните установи за деца – детски градинки и центри за ран детски развој во состав на јавни детски градинки по општини за 2020 година; Правилникот за димензиите, формата и ознаките на акцизната марка, начинот на пријавување и подигнување на акцизните марки, содржината на извештаите за подигнати, искористени и вратени акцизни марки и потребната документација, начинот на враќање на неисправни, неискористени и оштетени акцизни марки, како и начинот на уништување на акцизните марки… Целосната листа на прописите чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јануари