/ Прочитано:

1.538

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец мај 2020 година

Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец мај 2020 година, заедно со табеларниот преглед.

На 8 мај стапуваат во примена одредби од Законот за ревизија во врска со поседувањето сертификат за завршена обука за контрола.

На 24 мај стапува во примена Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

На 25 мај стапува во примена Законот за управни спорови. Со овој закон се уредуваат надлежноста, составот на судот и постапката во која се решава во управните спорови и извршувањето на донесените судски пресуди.

На 29 мај стапуваат во примена одредби од Законот за извршување на санкциите во врска со средствата за работа на припадниците на затворската полиција.

На 5 мај стапуваат во примена одредби од Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите* за време на вонредна состојба, додека на 31 мај стапува во примена целиот Правилник за постапката и методологијата за оценувањето на проекти.

На 24 мај престанува да важи Законот за управување со движењето на предметите во судовите, а на 25 мај престанува да важи
Законот за управните спорови. На 31 мај престанува да важи Правилникот за постапката и методологијата за оценувањето на предлог-проекти.

 Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец мај 2020 година