/ Прочитано:

1.643

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јануари 2022 година

Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јануари 2022 година, заедно со табеларниот преглед.

На 1 јануари стапуваат во примена одредби од Законот за работните односи; Законот за управување со пакување и отпад од пакување Закон за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, Законот за услуги; Законот за даноците на имот Закон за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост; Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата; Закон за заштита и спасување и др.

На 1 јануари стапува во примена Одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот SARS-COV-2 и спречување од негово ширење, со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 274/2021; Одлуката за утврдување на максималниот износ на нето задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар во 2022 година; Правилникот за дозволени вложувања, ограничувања на вложувањата и пречекорување на ограничувањата за вложување на имотот на отворен фонд; Правилникот за измена на Правилникот за начинот и постапката на маркетинг на пензиски фондови, како и повеќе други акти кои може да се погледнат на следниот линк: Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јануари 2022 година